Мери Луиза Вилард
Мери Луиза Вилард (19 мај 1898 – 17 април 1993) — меѓународно позната по нејзината работа во областа на микроскопијата и форензичките науки. Почнува со работа на Државниот универзитет Пенсилванија како асистент во 1921, а се пензионира како професор емеритус во 1964. Им помага на полициските службеници низ целата нејзина кариера и по формалното пензионирање, честопати без паричен надоместок за тоа.
Мери Луиза Вилард | |
---|---|
Роден(а) | 19 мај 1898 Стејт Колеџ, Пенсилванија |
Починал(а) | 17 април 1993 | (возр. 94)
Националност | Американка |
Полиња | Микроскопија и форензички науки |
Установи | Државен Универзитет Пенсилванија |
Образование | Државен Универзитет Пенсилванија, Универзитет Корнел |
Образование и кариера
уредиМери Луиза Вилард е родена на 19 мај 1898[1] на кампусот на Државниот универзитет Пенсилванија во семејството на Џозеф Муди Вилард и Хенриета Нан.[2] Нејзиниот татко бил професор на овој универзитет.[3]
Дипломира хемија во 1921 и станува асистент во одделот за хемија. Во 1923, кога магистрира по органска хемија, станува инструктор. Во 1927 докторира на Универзитетот Корнел каде работи со Вилијам Ридџели Орндорф.[4] Тогаш станува асистент професор на Државниот Универзитет Пенсилванија. Во 1938 станува редовен професор, а официјално се пензионира во 1964, кога станува професор емеритус и продолжува со својата работа во областа на криминологијата.[1]
Објавува над 40 статии за хемија и криминологија, како и лабораториски прирачници за хемиска микроскопија.[1] Помеѓу нејзините публикации е и кратка монографија со наслов Жени пионери во хемијата.[5] Од 1942, таа станува асистент уредник на списанието Микрохеми (Микрохемика Акта).[2]
Форензика
уредиМери Вилард специјализира во микрохемиска анализа. Користи различни техники, вклучувајќи инфрацрвена и ултравиолетова спектроскопија, масена спектрометрија, гасна хроматографија и јадрена магнетна резонанса. Посебно внимание ѝ посветува на кристалографијата на деформираните кристали.[1]
Нејзиното прво истражување на кривично дело се случува во 1930, кога анализира алкохол од прекршување на забрана.[1] Низ нејзината кариера им помага на полициските службеници како вештак, честопати без плата. Истрагите на Вилард вклучуваат убиства, самоубиства и автомобилски несреќи. Застапник е за користење на анализа на косата и крвта во идентификација на оружјето со кое е извршено убиство. Во еден случај, во 1950-тите, успева да одреди дека влакното пронајдено на шилците од железница е од дете, а не од куче.[6] За други случаи одредува пневматици и глинени примероци од чизми.[7] Институциите во кои помага ги вклучуваат Сурете, Скотланд Јард и Интерпол, како и повеќе локални полициски станици.[8] Според некои пресметки, Вилард била контактирана од локалните полициски станици на дневна база, а се појавува во суд барем еднаш месечно. Питсбург Прес ја нарекува „Лејди Шерлок“.[7]
Предавања
уредиОсновач на Иота поглавјето на Алфа Алфа Стејт Делта Капа Гама Интернешенал на 1 март 1947,[9] позната е по тоа што предава и на машки и на женски ученици.[3][6][10] Понекогаш им дозволувала на нејзините ученици да добијат искуство од прва рака, при што помагале во тестирањето на материјали во криминалните истраги на кои работела Мери.[11]
Мери Вилард умира на 17 април 1993.[1] Нејзините трудови се наоѓаат во архивите на Државниот Универзитет Пенсилванија.[12]
Во нејзина чест, во 2009 почнува да се доделува стипендијата Мери Вилард Трусти, која им дава предност на студентите на форензички науки на Колеџот за науки Еберли.[10][11]
Одликувања и награди
уредиВилард е член на Американското хемиско друштво (1921),[1] Американскиот институт на хемичари и на Американската асоцијација за напредок на науката.[6] Добитник е на бројни одликувања, вклучувајќи ги следниве:
- 1947, прва жена претседавач со отсекот за аналитичка и микрохемија при Американското хемиско друштво[3][13]
- 1955, втора жена која е признаена од Американскиот институт на хемичари за "извонредни напори во унапредување на професионалната жена хемичар"[3]
- 1957, почесен член на Полицискиот братски ред[12]
- 1959, прв човек што ќе биде наведен од државата Пенсилванија за "извонредност во преавањата"[3][6]
- 1965, Жена на годината во Пенсилванија[3]
- 1965, почесен член на Австриското микрохемиско друштво (четврти американски државјанин со ваква почест)[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Mary L. Willard, 94“. Chemical & Engineering News: 40. May 17, 1993.
- ↑ 2,0 2,1 Ogilvie, Marilyn Bailey; Harvey, Joy Dorothy (2000-01-01). The Biographical Dictionary of Women in Science: L-Z. Willard, Mary Louisa (1898–?). Taylor & Francis. ISBN 9780415920407.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Her Stories: Mary Louisa Willard“. Centre County Historical Society. Архивирано од изворникот на 2017-05-10. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ Orndorff, W. R.; Willard, Mary L. (May 1929). „Hydroxyhydroquinolsulfonephthalein, 2', 4', 5'-trihydroxybenzoylbenzene-ortho-sulfonic acid (the intermediate acid) and some of their derivatives“. Journal of the American Chemical Society. 51 (5): 1466–1474. doi:10.1021/ja01380a024. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ Willard, Mary Louisa (1940). Pioneer Women in Chemistry. State College, Pennsylvania: University of Pennsylvania Press.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Stout, Lee (2007). „CSI Pioneer Was an Influential, Beloved Figure“. Science Journal. 26 (Spring). Архивирано од изворникот на 2018-07-02. Посетено на 27 April 2016.
- ↑ 7,0 7,1 Clarke, Peter F. (October 19, 1958). „Lady Sherlock“. The Pittsburgh Press. Посетено на 27 April 2016.
- ↑ Sonenklar, Carol (2006). We are a strong, articulate voice : a history of women at Penn State. University Park, Pa.: Pennsylvania State Univ. Press. стр. 47. ISBN 978-0271028576.
- ↑ „History of Iota Chapter Alpha Alpha State Delta Kappa Gamma International“. Delta Kappa Gamma Society International. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ 10,0 10,1 „Penn State alumnus endows Mary Willard Trustee Scholarship“. Penn State News. April 21, 2009. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ 11,0 11,1 „Mary Willard Trustee Scholarship Created by Bob and Ruby Adams“. Penn State Eberly College of Science. Архивирано од изворникот на 2017-05-12. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ 12,0 12,1 „Mary L. Willard papers, 1933–1980“. ArchiveGrid. Посетено на 26 April 2016.
- ↑ „Division of Analytical Chemistry Completes 20 Years of Activity“. Analytical Chemistry. 31 (4): 17A–28A. April 1959. doi:10.1021/ac50164a711.