Мери Вигман
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Мери Вигман (родена, Marie Wiegmann, на 13 ноември 1886 година - починала на 18 септември 1973 година) била германска танчерка, кореограф, значајна како предводник на експресионистичкиот танц, за танц терапија и обуката за движење без шпиц патики. Таа се смета за една од најважните личности во историјата на современиот танц. Таа станала една од најсимболичните личности од Вајмарската култура во Германија и нејзината работа се сметала за доведување на највисокото егзистенцијално искуство на сцената.
Mary Wigman | |
---|---|
Mary Wigman (left) | |
Роден(а) | Karoline Sophie Marie Wiegmann 13 ноември 1886 , Hanover, Germany |
Починал(а) | 18 септември 1973 West Berlin | (возр. 86)
Националност | German |
Познат(а) по | modern dance & dance therapy |
Правец | expressionist dance |
Животопис
уредиКаролин Софи Мери Вигман ( Karoline Sophie Marie Wiegmann ) — родена во Хановер, Германија.
Таа почнала да танцува релативно доцна, откако ги видела тројцата студенти на Емил Жак Далкроз, кој имал за цел да и пријде на музиката преку движење со користење на три подеднакво важни елементи: солфеж, импровизација и неговиот систем на движење и ритмичка гимнастика. Друго рано клучно искуство било соло концертот на Грете Визентал.
Кариерата на Вигман не била како онаа на „виртуоз“. Напротив, таа била обележана со период на интензивно учење и интелектуално сфаќање во две уметнички колонии од тоа време. Таа учела ритмичка гимнастика, тренирала со Лабан и станала професионален танчер. Вигман успешно ја завршила програмата во рок од две години и го добила нејзиниот сертификат за учителка по ритмичка гимнастика за методот на Далкроз, но таа станала сè повеќе разочарана со ограничената природа на танцот во рамките на една институција каде танцот се сметал за медиум на музичко образование.
Во 1913 година, таа го запознава Рудолф фон Лабан и следејќи ги неговите стапки, таа работела на техника која содржи разлики на движење; експанзија и контракција, влечење и туркање. За време на Првата светска војна, таа работела како асистент на Лабан во Лајпциг.
Во 1918 година, таа имала нервен слом.[1]
Во 1920 година, на Вигман и било понудено работно место како балетска учителка во оперската куќа во Дрезден, но конфликтите го прекинале ова прерано.
Учебната 1920/1921 година, Вигман ја започнала со отворање на нејзиното сопствено училиште за танц, кој станало познато како „Централно Училиште во Дрезден“ (Dresden Central School) или само "Mary Wigman-Schule", центар на нов, експресионистички танц. Соперништвото и конкуренцијата се појавиле помеѓу нејзиното ново и старите училишта за танцување во Дрезден, посебно со училиштето „Палука“ во Дрезден.
Нејзините ученици и соработници од Европа како: Ивон Ѓеорѓи, Хана Холм, Хералд Креутзберг, Грет Палука, Макс Терпис, Ирена Лин, Елизабет Винер, Соња Ревид, Маргарет Валман, Инге Вајс и Мета Видмар го формирале првото училиште за современ танц во Словенија во 1930 година. Оперската танчерка Урсула Каин (родена во 1927 година), била уште еден студент на Мери Вигман, која на возраст над 80 години сè уште можела да се види на сцената и телевизијата како танцува во проектот „cross-genre“, како во „Танцување со времето“ (Dancing with Time) од Хеик Хенинг.
Мари Вигман патувала низ САД во 1930 година со нејзиното друштво на танчери; во 1931 година, нејзините ученици основале училиште во Њујорк. Во 1930 година, нејзината кореографија инспирирала комунистички танцувачки екипи во Њујорк. Нејзината работа во САД се должи на нејзиниот штитеник Ханиа Холм, а потоа на учениците на Ханиа: Алвин Николаис и Јоане Вудбари. Другиот ученик и штитеник на Вигман, Маргрет Диетз, учел во Америка од 1953 година до 1972 година.
Училиштето на Мери Вигман - "Mary Wigman-Schule" постоело од 1920 година па сè до 1942 година и продолжило да работи под фашистичка власт во Втората светска војна, кога таа ги исполнувала правилата на владата и ги отпуштила од работа сите нејзини Еврејски танчери од нејзините училишта во Германија.
РЕЖИЈА: ДЕЛА
уредиПрвата јавна изведба на Вигман била Хексентанз, која се извршувала без музика, кон крајот на 1913 година.
Додека закрепнувала од нервен слом, Вигман напишала кореографија за нејзината првособрана композиција „Танцот на вештерката“, по што нејзината кариера и влијание започнало сериозно.
Таа имала успех на сцената неколку години, иако нејзината голема идеја - Тотенмал 1929 ,никогаш не била реализирана .
Во 1948 година, Вигман повторно учела во Лајпциг
Од 1950 година па сè до нејзината смрт во 1973 година, Вигман учела во студио во Западен Берлин.
Таа починала на 18 Септември 1973 година во Берлин, на возраст од 86 години.
ИЗБРАНИ ИЗВЕДБИ
уреди- Летен танц ( Summer Dance),
- Фотографија на сонот (Dream Image),
- Танцот на вештерката (Witch Dance),
- Танцот на Лоров (Dance of Lorrow),
- Визии, Циклуси и Заливот (Visions, Cycles, and the Bay),
- Веселиот ритам (Festive Rhythm),
- Танцот на пролетта (Dance of Spring).
Нејзините танцови често биле придружени со светска музика и незападни инструменти, како: мали флејти и ударни инструменти, ѕвончиња, вклучувајќи и гонг и тапани од Индија, Тајланд, Африка и Кина наспроти тишината.
Таа често употребувала маски во нејзините дела, кое биле под влијание повторно од не-западниот родовски танц.
- ↑ Newhall, Mary Anne Santos. Mary Wigman. London; New York, 2009.