Мери Арлен Апелхоф

Мери Арлен Апелхоф (англиски: Mary Arlene Appelhof; 1936-2005) — американски биолог, вермикомпостер и природозаштитник.[1] Во 2009 година е прогласена за почесен член на „Месецот на женска историја“ од страна на Проектот за национална женска историја.[2]

Мери Арлен Апелхоф
Роден(а)11 јуни 1936(1936-06-11)
Детроит, Мичиген,  САД
Починал(а)4 мај 2005(2005-05-04) (возр. 68)
Рочестер, Минесота,  САД
Причина за смртПеритонеален рак
ПочивалиштеБензонија, Мичиген,  САД
ЖивеалиштеКаламанзу, Мичиген,  САД
НационалностАмериканка
ОбразованиеБ.С. и M.С. од Државниот Универзитет Мичиген
ЗанимањеБиолог, наставник, уметник, иноватор и поборник за вермикомпостирање и јавен говорител
Активен период1960-2005
ОрганизацијаЦентрално средно училиште Каламанзу, Каламанзу, Мичиген и Фловерфилд Ентерпрајзес
Познат(а) поРазвиток и одбрана на системот за вермикомпостирање и активист за животната средина
Значајни делаЦрви го јадат моето ѓубре Worm-a-Way® worm bin
Родно местоАлма и Береа, Охајo
Движењеживотна средина
РодителиГилберт Апелхоф Џуниор и Хилда Вајтли Апелхоф
НаградиПроект за национална женска историја
Страница
www.wormwoman.com

Семејство и образование

уреди

Мери А. Апелхоф е родена во Детроит, Мичиген на 11 јуни 1936, како ќерка на Гилберт Г. Апелхоф и Хилда Вајтли Апелхоф.[3] Нејзиниот татко е пастор во Епископалната црква св. Џон во Алма, Охајо и во Епископалната црква св. Томас во Береа, Охајо.[4] Во 1954 матурира од средното училиште Береа во Береа, Охајо, а во 1958 дипломира биологија на Државниот универзитет Мичиген во Источен Лесинг, Мичиген.[3][5] Во 1959 Апелхоф магистрира по биологија, исто така на Државниот универзитет Мичиген.[5] Подоцна студира напредна биологија, искуство со вкупно 5 години студии.[3]

Апелхоф има многу таленти што вбројуваат експертско пливање и фотографирање на природата.[6] Предава наука во Централното средно училиште Каламанзу во Каламанзу, Мичиген, но предава и на Академијата за уметности Интерлокен во Интерлокен, Мичиген.[3]

Создавање и промовирање на систем со црви

уреди

Во раните 1970-ти Мери Апелхоф почнува да експериментира со црви и органско ѓубре. Нејзиниот домашен контејнер со црви ќе стане нејзина нова кариера.[7]

Нејзината визија на Стокхолмската конференција за човекова средина (1972) е:

"Тони црви можат да изедат тони ѓубре".[7]

Наскоро јавно застанува во одбрана на вермикомпостот и користи дождовниот црв за да ја рециклира храната.[7] Како "Жена Црв" запознава илјадници ученици и домашни градинари со вермикомпостот. Наградена е со грант од Националната научна фондација да прави видеомикроскопија на живи црви.[8][9] This resulted in a DVD "Wormania."[9][10]

Фловер Прес

уреди

Мери Апелхоф купува стара мимеографска машина од Демократската Партија во раните 1970-ти.[11] Ја користи за да создаде брошура насловена "Подрумските канти за црви создаваат плодна почва и го намалуваат ѓубрето".[11] До 1976 нејзините издавачки интереси стануваат цврсти, па таа го основа Фловер Прес. Подоцна го објаснува нејзиното размислување на самоиздавањето на нејзиниот бестселер Црвите го јадат моето ѓубре.[12]

Мојата цел не беше да заработам повеќе пари, туку да влијаам врз размислувањата на луѓето. Да ги натерам да размислуваат поинаку за отпадот и да им дадам алатки да се справат со него. Самоиздавањето на мојата книга беше начинот на кој јас можев да го направам тоа. Затоа научив што требаше да научам за да бидам во можност да направам нешто такво.[13]

Трудови

уреди

Оставнина

уреди

Црвоманија е прикажан на Ред Летер Медија списокот на Најдобри од најлошите: Тркало на најлошите #14, каде што панелот понуди опсежен коментар на видеото, опфаќајќи го квалитетот на продукцијата, музиката и позитивниот став и среќната појава на Мери Апелхоф како додаток на нејзината очигледна страст за црвите.[14]

Наводи

уреди
  1. „National Women's History Project“. Nwhp.org. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 2013-12-27.
  2. „Honorees: 2010 National Women's History Month“. Women's History Month. National Women's History Project. 2010. Архивирано од изворникот на 2014-08-28. Посетено на 14 November 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Mary Arlene Appelhof“.
  4. „Hilda Whiteley Appelhof“. Grand Traverse County Deaths & Obits. Посетено на 24 Jan 2013.
  5. 5,0 5,1 „APPELHOF, Mary Arlene: Newspaper Obituary and Death Notice“. Kalamazoo Gazette. 10 May 2005.
  6. Walker, Emily. 'Worm woman' leaves a legacy of teaching about environment“. In Memoriam. Архивирано од изворникот на 2017-06-20. Посетено на 2018-12-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 „mary arlene appelhof "the worm woman". A Biography of the Day. Посетено на 24 Jan 2013.
  8. „Celebrating gardening, plants, and weeds“. EmilyCompost. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2013-12-27.
  9. 9,0 9,1 „In Memory of Mary Appelhof – The Worm Women“. The Compost Bin. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на 24 Jan 2013.
  10. „Wormania“. Flowerfield Enterprises. Архивирано од изворникот на 2013-01-12.
  11. 11,0 11,1 „Mary Appelhof“. Flowerfield Enterprises Articles. Архивирано од изворникот на 2017-06-01. Посетено на 25 Jan 2013.
  12. Appelhof, Mary (1976). Worms Eat My Garbage. Kalamazoo, MI: Flower Press.
  13. Appelhof, Mary. „Why I Chose to Self- Publish“. Flowerfield Enterprises. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 25 Jan 2013.
  14. RedLetterMedia (2017-04-11), Best of the Worst: Wheel of the Worst #14, Посетено на 2018-05-02

Надворешни врски

уреди