Мерилин Менсон
Брајан Хју Ворнер (англиски: Brian Hugh Warner; роден на 5 јануари 1969 година), познат по сценското име Мерилин Менсон (англ. Marilyn Manson) — американски пејач, текстописец, глумец, продуцент, визуелен уметник, автор и поранешен музички новинар.[1][2][3][4][5] Тој е познат по неговиот контроверзен сценски настап и имиџ, како водечки пејач на музичката група Мерилин Менсон, која ја основал заедно со гитаристот Дејзи Берковиц, и во која тој останува единствениот постојан член. Неговото сценско име е комбинација на името на американската глумица Мерилин Монро и презимето на американскиот криминалец Чарлс Менсон.
Мерилин Менсон | |
---|---|
Родено име | Брајан Хју Ворнер |
Жанр(ови) | |
Занимање/ња |
|
Инструменти | Вокал |
Години на активност | 1989–денес |
Продукциска куќа/ќи |
Менсон е најпознат по албумите објавени во 1990-тите години, пред сѐ албумите Антихрист суперѕвезда и Механички животни, кои (заедно со неговиот јавен имиџ) му донеле репутација во мејнстрим медиумите на контроверзна личност која негативно влијае врз младите луѓе.[6] Во САД, три албуми на бендот имаат добиено награда на платинска плоча, а уште три други албуми имаат добиено златна плоча. Исто така, бендот има осум дебија кои се искачиле во првите десет, вклучувајќи два број еден албуми. Менсон е рангиран на 44-то место во Топ 100 хеви метал вокали од страна на музичкото списание Hit Parader, а, заедно со неговиот бенд, бил номиниран за четири Награди Греми.
Филмското деби на Мерилин Менсон било во 1997 година, како глумец во филмот Lost Highway на режисерот Дејвид Линч. Од тогаш, тој се има појавено во разни помали улоги во други филмови. Исто така, тој бил интервјуиран во политичкиот документарец на Мајкл Мур, Bowling for Columbine, кој ја обработува темата за масовното убиство во американското средно училиште Колумбајн во 1999 година. Од 13 до 14 септември 2002 година, во центарот за современи изложби во Лос Анџелес, била одржана неговата прва ликовна претстава под наслов Златното доба на гротескноста (англ. The Golden Age of Grotesque). Тој, исто така, има објавено серија од 20 слики, во 2010 година, под наслов Генеалогија на болката (англ. Genealogies of Pain) прикажани во галеријата Кунстхале во Виена,[7] во соработка со Дејвид Линч.
Дискографија
уреди- Портрет на американско семејство (Portrait of an American Family) (1994 г.)
- Антихрист суперѕвезда (Antichrist Superstar) (1996 г.)
- Механички животни (Mechanical Animals) (1998 г.)
- Свето дрво (Во сенката на Долината на смртта) (Holy Wood (In the Shadow of the Valley of Death)) (2000 г.)
- Златното доба на гротескноста (The Golden Age of Grotesque) (2003 г.)
- Изеди ме, испиј ме (Eat Me, Drink Me) (2007 г.)
- Високиот крај на ниското (The High End of Low) (2009 г.)
- Роден негативец (Born Villain) (2012 г.)
- Бледиот император (The Pale Emperor) (2015 г.)
- Рајот наопаку (Heaven Upside Down) (2017 г.)
- We Are Chaos (2020 г.)
- One Assassination Under God - Chapter 1 (2024 г.)
Наводи
уреди- ↑ „Marilyn Manson | Biography & History“. AllMusic (англиски). Посетено на 2019-04-28.
- ↑ „PRETENTIOUS MANSON PAYS THE DEVIL HIS DUE“. DeseretNews.com (англиски). 1997-01-13. Архивирано од изворникот на 2019-02-06. Посетено на 2019-04-28.
- ↑ Kaufman, Gil. „Marilyn Manson's New, Glam Look Gets Mixed Reaction“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-07-09. Посетено на 2019-04-28.
- ↑ Thompson, Barry (2015-01-20). „Marilyn Manson on 'Inventing' Grunge and Why He's a Furby“. Esquire (англиски). Посетено на 2019-04-28.
- ↑ Reporter, Richard Garza Staff. „Marilyn Manson trades shock rock for new sound in The Pale Emperor, 7.5/10“. Western Herald (англиски). Посетено на 2019-04-28.
- ↑ „Boulder News: Tragedy at Columbine High School“. web.archive.org. 2006-05-24. Архивирано од изворникот на 2006-05-24. Посетено на 2019-04-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Marilyn Manson's art 'scarier than music'“. The Age. Melbourne. June 30, 2010. Архивирано од изворникот на July 1, 2010.