Мембрански систем
Со поимот мембрански систем се означуваат сите мембрански органели што се наоѓаат во клетката. Такви се клеточната мембрана, ендоплазматичниот ретикулум, Голџиевиот систем итн. Овој систем овозможува транспорт на материите од надворешната средина кон внатрешноста на клетката и обратно и процес на јонска размена на материите, а содржи и низа на важни ензими.