Мелхиор
Мелхиор — еден од библиските мудреци, заедно со Каспар и Валтазар, кои го посетиле бебето Исус по неговото раѓање. Мелхиор честопати бил нарекуван најстар од групата мудреци. Традиционално, тој бил наречен цар на Персија и му донел на Исус подарок злато. Во западната христијанска црква тој се смета за светец (како и другите двајца мудреци).
Традиција
уредиЕвангелијата во Новиот завет не ги даваат имињата на мудреците (или дури и нивниот број), но нивните традиционални имиња се припишуваат на грчки ракопис од 500 г. од нашата ера, преведен на латински и општо прифатен како извор на имињата.[1] Мелхиор бил опишан од Свети Беда во VIII век како „старец со седа коса и долга брада“.[2] Мелхиор често се нарекува и цар на Персија. Следејќи ја Витлеемската ѕвезда, мудреците прво пристигнале во палатата на Ирод Велики, кој потоа ги замолил мудреците да го најдат бебето Исус и да му се јават. Пристигнувајќи кај него, мудреците му се поклониле и ги отвориле своите дарови, а Мелхиор подарил злато за да го симболизира Исусовото владеење над светот.[3][4][5] Според средновековниот календар на светци, по враќањето во Персија, Мелхиор повторно се сретнал со другите мудреци во 54 н. е. во Ерменското Кралство за да го прослави Божиќ пред да умре на 116-годишна возраст на 1 јануари 55 г.[6]
Наводи
уреди- ↑ Metzger, Bruce, New Testament Studies: Philological, Versional, and Patristic, Volume 10, 1980, BRILL, ISBN 9004061630
- ↑ „Three Kings Balthazar, Gaspar, Melchior“. CNN. 6 січня 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-08. Посетено на 1 січня 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Why Did the Magi Bring Gold, Frankincense and Myrrh?“. Biblical Archaeology Society. Посетено на 1 січня 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Freeman, Margaret (1978). The story of the Three Kings: Melchior, Balthasar and Jaspar. Metropolitan Museum of Art. стр. 67. ISBN 9780870991806.
- ↑ Матеј 2:11 | Библија MKB | YouVersion.
- ↑ „The Magi“. Catholic Education. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 1 січня 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
уреди„Мелхиор“ на Ризницата ? |
- Посета на Мудреците — прв дел и втор дел — написи на проф. д-р Ратомир Грозданоски на страницата на Бигорскиот манастир