Мелетиј Антиохиски
Мелетиј Антиохиски — христијански светец и Патријарх на Антиохија во периодот од 361 до 381 година.
Свети Мелетиј живеел и делувал во 4 век. Како православен епископ бил испратен на заточение од аријанските цареви, но до крајот останал тврд во верата. Се упокоил во текот на Вториот вселенски собор, во 381 година, како претседател на соборот. Моштите му биле пренесени од Цариград во Антиохија[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 12 февруари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 60
Оваа статија за светец е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |