Меланија Алварес де Адем (шпански: Melania Alvarez de Adem) е мексикански професор по математика, која работи како координатор за образование на Институтот за математички науки во Тихиот Океан и координатор за теренски истражувања на Катедрата за Математика на Универзитетот во Британска Колумбија, Ванкувер. Во УБЦ, таа е позната по летните кампуси по математика, кои таа ги развила, со цел подобрување на математичката едукација на домородните средношколци.[1][2] Таа е добитник на наградата Адриен Пулиот за 2012 година, доделена од Канадското математичко друштво за значајни придонеси во образованието по математика во Канада.[3]

Алварес пораснала во Мексико Сити, каде што завршила додипломско образование на Националниот автономен универзитет во Мексико. Таа подоцна магистрирала по економија и антропологијата на Универзитетот во Висконсин-Медисон, како и во операцииските истражување од Универзитетот Стенфорд.[1][3] Во 2016 година докторирала во математичкото образование на Универзитетот Сајмон Фрејзер, под надзор на Питер Лиљедал.[4]

Таа го добила интересот да им помага на малцинствата, кои се во нерамноправна положба, по математика по инцидентот на расна дискриминација, кој се случил во Медисон, каде што нејзиниот син од шесто одделение (кој го наследил талентот на мајка му за математика) бил ставен на пониско ниво по математика поради неговата латино етничка припадност. Таа се преселила во Ванкувер во 2004 година и во 2007 година ја започна својата програма во математичкиот камп во УБЦ.[1] Освен нејзината работа со домородните луѓе, Алварес била активна и во организирањето на математички натпревари, работилници и прибирање на средства, за математичко образование, помеѓу општата популација.[3][5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Dhillon, Sunny (27 December 2012), „Melania Alvarez fights lowered expectations for aboriginal students“, The Globe and Mail
  2. Hyslop, Katie (14 June 2013), „An 'Inspiring' Summer Camp for Aboriginal Scholars: How a special UBC program supports the next generation of physicists, foresters, nurses and more“, The Tyee
  3. 3,0 3,1 3,2 Exceptional mathematics educator recognized: Melania Alvarez to receive CMS 2012 Adrien Pouliot Award, Канадско математичко друштво, 10 August 2012, Архивирано од изворникот на 2019-01-13, Посетено на 2018-12-03
  4. Alvarez de Adem, Melania (1 December 2016), „Teaching teachers: A look inside professional development“ (PDF), Thesis examination flyer, Simon Fraser University Faculty of Education[мртва врска]
  5. Smith, Charlie (31 October 2012), „Battling B.C.'s math education crisis: Educators have devised new approaches to engage kids years after a curriculum-reform initiative was kiboshed under Christy Clark“, The Georgia Straight