Треска (состојба)
Треската или ендогена хипертермија е состојба која настанува поради нарушување во центарот за терморегулација во хипоталамусот кој започнува да функционира на повисоко ниво под дејство на пирогени.
Треска (состојба) | |
---|---|
Аналоген медицински топломер кој покажува температура од 38.8 °C |
Диференцијална дијагноза
уредиТреската е чест симптом на многу состојби:
- инфективна болест
- разни кожни воспаленија
- имунолошки болести
- канцери
- метаболички нарушувања
Пирогени
уредиПироген е супстанца која индуцира треска. Тие можат да бидат внатрешни (ендогени) или надворешни (егзогени) за организмот. Бактериската супстанца липополисахарид (LPS), присутна во клеточниот ѕид на грам-негативните бактерии,[1] е пример за егзоген пироген. Пирогеноста може да варира: во екстремни случаи, некои бактериски пирогени познати како суперантигени може да предизвикаат брзопрогредирачка и опасна треска.
Наводи
уреди- ↑ Silhavy TJ, Kahne D, Walker S (2010). „The bacterial cell envelope“. Cold Spring Harbor perspectives in biology. 2 (5): a000414. doi:10.1101/cshperspect.a000414. PMC 2857177. PMID 20452953.