Мајка Тереза (кована пара)
Мајка Тереза — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.
Мајка Тереза | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Мајка Тереза |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 38,61 мм |
Облик | кружен |
Издадена | 2016 |
Цена | 3.500 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средишниот дел на монетата е претставен Грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Заднина
уредиНа позадината, во средишниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во облик на крстови и срца. Во долниот дел, од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски исусовски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (Света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза на македонски и на албански јазик.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „МАЈКА ТЕРЕЗА"“. Посетено на 8 јануари 2018.