Матео Алеман и дел Неро (септември 1547 година – 1615 година?) бил шпански романописец и писател.

Матео Алеман од Педро Перете

Биографија

уреди

Алеман е роден во Севиља, Андалусија, каде што дипломирал на Универзитетот во 1564 година. Подоцна студирал во Саламанка и Алкала, и од 1571 до 1588 година имал функција во финансии, во 1594 година бил уапсен под сомнение за малверзација, но бил брзо ослободен. Според некои автори, тој потекнувал од Евреи насилно преобразени во католици по 1492 година, а еден од неговите претходници бил изгорен од инквизицијата затоа што тајно продолжил да го практикува јудаизмот. Во 1599 година, тој го објавил првиот дел од Гусман де Алфараче, славен пикарески роман, кој поминал не помалку од шеснаесет изданија за пет години, било издадено лажно продолжение во 1602 година, но автентичното продолжение се појавило дури во 1604 година.[1]

 
Корица од изданието на Гусман де Алфараче од 17 век,Антверпен, 1681 година

Во 1571 година, Алеман се оженил несреќно со Каталина де Еспиноза и постојано бил во финансиски тешкотии, затворен за долг во Севиља на крајот на 1602 година. [1]

Во 1608 година, Алеман емигрирал во Америка и се вели дека работел како печатач во Мексико, каде се претпоставува дека останал до крајот на животот. Неговата Ortografía castellana (1609), објавена во Мексико, содржи генијални и практични предлози за реформа на шпанскиот правопис. Ништо не е забележано за Алеман по 1609 година, но понекогаш се тврди дека тој сè уште живеел во 1617 година.[1]

Работа

уреди

Покрај веќе споменатите дела, Алеман е автор и на животот (1604) на Свети Антониј од Падова, а верзии на две ода на Хорациј сведочат за неговиот вкус и метричко достигнување. Неговото најпознато дело е сепак Гусман де Алфараче, кое било преведено на француски во 1600 година, на италијански во 1606 година, на германски во 1615 година, на англиски во 1622 година од Џејмс Мабе и на латински во 1623 година. [1]

Наводи

уреди
 
Делото на Матео Алеман „Ortografía castellana“, печатено во Мексико. Biblioteca Digital Hispánica (Biblioteca Nacional de Españ, Шпанска национална библиотека).

 

Атрибуција
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостFitzmaurice-Kelly, James (1911). „Alemán, Mateo“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Fitzmaurice-Kelly 1911.