Масовна повеќеиграчка семрежна игра
Масовна повеќеиграчка семрежна игра (англиски: Massively Multiplayer Online Game), скратено MMOG или MMO — семрежна игра во која голем број играчи дејствуваат едни со други во „постојан“ играчки свет, расположен на играчки сервер.[1][2] Главната разлика помеѓу MMO и повеќестандардни семрежни игри се два фактори:
- MMO работи исклучиво преку семрежјето — стандардните повеќеиграчки игри можат да работат, покрај семрежјето, и преку месна мрежа.
- ММО се играат истовремено од неколку десетици до илјадници луѓе што имаат можност да општат едни со други — бројот на истовремени учесници во стандардните повеќеиграчки игри обично се движи од неколку стотици до неколку десетици луѓе.
Главни видови ММО
уредиПо жанр
уредиСемрежните игри се поделени на два големи вида:
- Служба „Барање на соиграч“, односно играње пукачки игри од прво лице, автосимулатори и други традиционални игри со можност за наоѓање соиграч на семрежјето (ова не вклучува шах, покер итн.).
- Семрежен свет (англ. Online World) — игра во која суштествуваат голем број ликови во еден виртуелен свет. За возврат, семрежните светови може да се поделат на:
- MMORPG — масовна повеќеиграчка игра со улоги.
- MMOFPS — масовна повеќеиграчка пукачка игра од прво лице.
- MMOSG — масовна повеќеиграчка друштвена игра.
- MMORG — масовна повеќеиграчка тркачка игра.
- Масовна стратегиска игра (како воена, така и економска). Како подвид: спортски менаџери.
- Масовни квизови.
- И други, поретки видови. На пример, воени симулатори, авиосимулатори и авиоразводни служби.
Често, границите на жанровите се нејасни. На пример, во многу современи MMOFPS има RPG-состојки — играчот може да подобри различни особености на неговиот лик, да отклучи ново оружје и опрема, и да научи вештини.[3]
Според видот на клиентот
уредиКлиентската програма може да биде:
- Особена клиентска програма (на пример, World of Warcraft, Eve Online).
- Терминална програма (MUD-клиент).
- Прелистувач (поединечни проекти, на пример, OGame, игри за друштвени мрежи).
- IRC-клиент (на пример во квиз-игрите).
- Jabber-клиент.
Наводи
уреди- ↑ „Definition of mmo | Dictionary.com“ (англиски). www.dictionary.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-10. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Robert Earl Wells III. „What Does MMO Mean? All About the Most Popular Video Game Genre“ (англиски). Lifewire. Архивирано од изворникот на 2019-07-09. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Majhi, Samir Saurav (2011-05-23). „16 Different Types of Massively Multiplayer (MMO) Online Games“. Dragon Blogger Technology (англиски). Посетено на 2022-10-17.
Надворешни врски
уреди- Massive Multiplayer Online на Curlie (англиски)