Масакр во Скопје

Ова е објавената верзија, проверена на 25 декември 2023. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Масакр во Скопје ― масакр извршен на 13 ноември 1943 година кај Камениот мост во Скопје, од страна на германскиот фашистички окупатор. Во масакрот настрадале 9 цивилни лица.[1][2]

Споменик на стреланите скопјани на 13 ноември, 1944 година.

Настан

уреди
 
Реконструираниот споменик на деветтемина стрелани.

Напладне на 13 ноември, Третата и Дванаесеттата македонска бригада на Четириесет и втората дивизија, завладеале со поголем дел од градот на десниот брег на реката Вардар и ги завзеле повеќето мостови. Останале уште да се ликвидираат последните упоришта на германскиот окупатор како што биле училиштето „Гоце Делчев“, Радио-Скопје, Женската гимназија и главната пошта. Кога го преминале Камениот мост кон левиот брег на Вардар, затекнале морничава глетка покрај самиот мост, каде виделе деветмина граѓани на Скопје како лежат во сопствената крв. Според сознанијата на бригадата, овие цивили биле најпрво заробени некое време, а при повлекувањето од градот на германскиот окупатор, тие набрзина ги стрелале и се упатиле во бегство. Дел од партизаните организирале акција да ги стигнат и ликвидираат германците кои го сториле овој злостор, а друг дел останал да им оддаде последна почит на овие деветмина скопјани.[3]

Дел од борците, меѓу стреланите го препознале белокосиот театарски артист Перо Јовановиќ, кој важел за мирен човек полн со почит кон секого, но и верен кон својот град Скопје.[3]

Жртви

уреди

Стрелани деветмина цивили и невини луѓе на Камениот мост, биле сите мажи и тоа:[4]

Тие биле последните невооружени, недолжни граѓани, жртви на фашистичкиот окупатор.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Незаборав за стреланите скопјани“. 24 Инфо (англиски). 2018-11-13. Посетено на 2022-07-16.
  2. „Урнат споменикот на стреланите скопјани до Камениот мост“. zase.mk. Посетено на 2022-07-16.
  3. 3,0 3,1 Котевски, Методија (1969). Скопската бригада. Белград, Србија: Народна армија. стр. 126–128.
  4. Вечер. „Сеќавање на храброста и пожртвуваноста на борците кои не дозволија окупаторот да го урне Камениот мост и да ја минира браната Матка | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2022-07-16.