Масакр во Неврокоп

Масакр во Неврокоп — злосторство извршено на 17 септември 1922 година од страна на четници на Тодор Александров заедно со бугарската војска, врз Македонци од Неврокоп, Пиринска Македонија.[1]

На 17 септември 1922 година, една банда организирана од Тодор Александров и Александар Протогеров навлегла во градот Неврокоп и ликвидирала 17 луѓе и едно 14-годишно дете по име Димитар Боргов. Нападот бил извршен со помош и содејство од бугарската војска, која била неразделен дел со луѓето на Александров.[1]

Овој масакр е извршен бидејќи во Неврокоп се создал отпор против обновување на организација која ќе ја предводат царските слуги Тодор Александров и Александар Протогеров.[1]

Истиот ден дел од овие четници ги ликвидирала и браќата Карајанови, кои одбиле да влезат во нивната организација.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 328–329.