Масакрите на Бедирхан

(Пренасочено од Масакрите на Бадр Кан)

Масакрите на Бадр Кан пртставувале серија од масакри извршени од страна на курдскиот емир Бадр Кан бег против асирското христијанско население во 1840 година. Злосторствата резултурале со убивање на повеќе од 10.000 Асирци а истото завршило по интервенција на османлиските власти и соборување на последниот курдски емир на полунезависната држава на Курдите во рамките на империјата[1] .

Позадина уреди

Во текот на 19 век, Османлиите ја изгубиле контролата над Горна Месопотамија и Курдистан по египетската интервенција на Мухамед Али Паша. По египетското повлекување овие територии им биле доделени на курдски емири од кои најмногу се истакнал Ибрахим Паша чија територија се наоѓала од Дијарбакир до Алеп. Во истиот период се зголемило и британското влијание над регионот. Во истиот период започнала и мисијата на американските и британските мисионери кои во голема мера ги поддржувале асирските христијани.

Курдски внатрешни конфликти уреди

Во 1839 година започнале внатрешни немири меѓу Норалах, брат на поранешниот емир и Сулејман кој бил негов внук односно син на поранешниот емир. Асирците од своја страна биле поделени на двете страни во конфликтот но поголемиот дел од нив, вклучувајќи го и асирскиот патријарх биле на страната на Сулејман. Конфликтот се претворил во масакар кога Норалах ги поразил силите на Сулејман и ги нападнал асирските села кои го поддржувале.

Наводи уреди

  1. Gaunt & Beṯ-Şawoce 2006, стр. 32