Марширање
Марширање е организирано и ритмичко униформно „одење“ според маршова музика во војска во движење или на паради.
Марширањето спаѓа во основна воена обука насекаде. При марширањето се задаваат маршови команди. Учењето да се маршира и слуша наредби се смета за вид дисциплина. При марширање, војникот мора да:
- е порамнет со војникот до него;
- е порамнет со војникот пред него;
- одржува растојание со војникот до него;
- одржува растојание со војникот пред него.
Маршот како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Нашиот марш“ (Наш марш) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1917 година.[1]
- „Левиот марш“ (Левый марш) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1918 година.[2]
- „Марш на смртта“ (Death March) — песна на американската рок-група „Феит ноу мор“ (Faith No More) од 1987 година.[3]
- „Марш на роботите на Чиконе“ (англиски: March Of The Ciccone Robots) — песна на американската рок-група Чиконе јут (Ciccone Youth) од 1989 година.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 97.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 99-100.
- ↑ DISCOGS, Faith No More – Introduce Yourself (пристапено на 19.8.2020)
- ↑ Ciccone Youth – The Whitey Album (пристапено на 1.9.2021)