Марта (филм)
Марта (германски: Martha) е западно германски филм од 1974 година во режија на Рејнер Вернер Фасбиндер (германски: Rainer Werner Fassbinder). Режисерот сценариото го пишува заедно со Корнел Ворлих (гер. Cornell Woolrich), а во главните улоги настапуваат Маргит Карстенсен (германски: Margit Carstensen), Карлхаинц Бом (германски: Karlheinz Böhm), Барбара Валентин (германски: Barbara Valentin), Петер Чател (германски: Peter Chatel) и Жизела Факелди (германски: Gisela Fackeldey).
Синоспис
уредиГлавните ликови на Фасбиндер се обични луѓе, мажи или жени, кои се жртви на своите романтични илузии, кои од друга страна го загрозуваат општествениот статус кво.
Марта е мелодрама за суровоста на буржујскиот брак во кој се наоѓа една импулсивна жена со глад за животот. Таа се мажи со богат, софистициран маж кој ја мрази нејзината спонтаност, невиност и чувство за себе. Тој се обидува да ја направи како него - одраз на неговиот буржујски интереси. Првичната желба на Марта да биде допадлива на оние околу неа, ја турка до таков екстрем што таа е подготвена да ужива во потчинетоста што ѝ се наметнува. На крајот, таа тоа го прифаќа како природен дел од животот и дури почнува да ужива во тоа.
Надворешни врски
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |