Марли Дијас
Марли Дијас (англиски: Marley Dias; 3 јануари 2005) е американска активистка и феминистка. Таа започнала кампања под името #1000BlackGirlBooks во ноември 2015 година, кога била шесто одделение.
Марли Дијас, која го добила името по реге пејачот Боб Марли,по потекло е од Јамајка. Родена е во Филаделфија,а пораснала во Њу Џерси. Кога имала единаесет години се пожалила на мајка си дека сите нејзи задолжителни книги се за светло-сини момчиња и кучиња. Рекла: „Всушност,немав слобода да читам што сакам.“ После разговорот со својата мајка,одлучила да ја започне кампањата #1000BlackGirlBooks, привлекувајки повеќе внимание на литературата со главни јунаци жени со темна кожа. Во 2017 година освоила американска награда за исклучителност во категоријата на младите.
Таа посебно се фокусирала на книги во кои се девојките со темна кожа главни ликови.Започнала кампања со името #1000BlackGirlBooks во 2015 година,со цел да собере 1000 книги кои ќе се поклонат на девојките со темна кожа. За само неколку месеци,собрани се повеќе од 9000 книги. Многу од нив се пратени на Јамајка. Кампањата исто така го придоби вниманието на јавноста на недостаток на разновидност во детската литература.
Марли,чиј проект бил популарен широм светот, напишала и објавила своја книга со желба да покаже на децата широм светот дека нивните желби или соништа можат да се остварат. Глобалната детска издавачка компанија најавила дека книгата ќе биде објавена на пролет 2018 година. Марли изјавила: „Мислам дека пишувањето ми дава креативна слобода. Обожавам што можам да правам сè што сакам. Кога ќе напишам приказна,можам да ја направам колку сакам смешна,тажна или среќна.“ Таа станала најмлад уредник на мрежно место.