Марлин Берман
Марлин Берман (англиски: Marlene Behrmann; р. 14 април 1959) — професор по психологија на Универзитетот Карнеги Мелон. Таа е специјалист во когнитивна невронаука на визуелната перцепција, со специфичен фокус на препознавање на предмети.[1]
Марлин Берман | |
---|---|
Роден(а) | 14 април 1959 |
Полиња | психологија |
Установи | Универзитет Торонто Институт за наука Вајцман Универзитет Карнеги Мелон |
Образование | Универзитет Витвотерсранд (B.A., 1981) Универзитет Витвотерсранд (B.A., 1984) Универзитет Торонто (Ph.D., 1991) |
Главниот пристап што го користи во своето истражување е да го проучи однесувањето на возрасните луѓе кои претрпеле оштетување на мозокот (обично како последица на мозочен удар или повреда на главата), што селективно влијае на нивната способност да ги спроведат овие процеси. Берман, исто така, спроведува студии за рехабилитација на субјекти со повреди на мозокот со цел да ги третира опсервираните дефицити, што исто така ги расветлува механизмите што лежат во основата на визуелната когниција.
Наводи
уреди- ↑ „CMU - Behrmann Lab“. www.cmu.edu. Carnegie Mellon University. Посетено на December 16, 2019.