Марко Минуциј Феликс

Марко Минуциј Феликс (латински: Marcus Minucius Felix, †о. 250 во Рим)[1] — еден од првите христијански апологети кои твореле на латински јазик.

Ништо не се знае за неговиот живот. Дури и времето на творење е мошне непознато — некаде во периодот од 150 до 270 г. Јероним Стридонски во делото „За знаменитите мажи“ го опишува како „еден од истакнати правници во Рим“ (Romae insignis causidicus), но ова е веројатно само подобрување на искажаното од Лактанциј[2] кој вели дека Минуциј „не беше непознат меѓу правниците“ (non-ignobilis inter causidicos loci).

„Октавиј“

уреди

Минуциј е познат по едно единствено дело „Октавиј“, дијалог за христијанството помеѓу паганот Цецилиј Наталис и христијанинот Октавиј Јануариј. Напишан е за образованите нехристијани, со аргументи недвосмислено позајмени од Цицерон, особено од неговото дело „За природата на боговите“ (De natura deorum), како и христијански материјал, претежно од грчките апологети.[1] Во делото се забележуваат и влијанија од стоиците.[3]

Треба да се напомене дека „Октавиј“ е напишан пред „За залудноста на идолите“ (Quod idola dii non sint) на Кипријан Картагенски, кој зајмува од него; датирањето може да се одреди само во однос на Тертулијановиот „Апологетик“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Marcus Minucius Felix | Christian apologist“. Посетено на 21 август 2016.
  2. Institutionum divinarum v. 1.
  3. „Stoicism“. Посетено на 21 август 2016.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди