Маркизата О (филм)

„Маркизата О“ (француски: La Marquise d'O...) — француски филм од 1976 година, во режија на Ерик Ромер (Éric Rohmer), кој е и автор на сценариото, засновано врз новелата на Хајнрих фон Клајст (Heinrich von Kleist). Главните улоги ги играат: Едит Клевер (Edith Clever), Бруно Ганц (Bruno Ganz) и Еда Зајпел (Edda Seippel). Филмот ја освоил главната награда на жирито на Канскиот филмски фестивал, а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]

Содржина

уреди

Дејствието се одвива кон крајот на 18 век, за време на Наполеоновите војни. Една германска маркиза се соочува со два проблема: таа останува бремена, а не може да објасни кој е таткото и истовремено е вљубена во еден руски гроф...

Наводи

уреди