Маркгрофовска оперска куќа

Маркгрофовска оперска куќа (германски: Markgräfliches Opernhaus) или Маркгрофовска опера е барокна оперска куќа во градот Бајројт, Германија, изградена помеѓу 1744 и 1748 од Јозеф Сен-Пјер. Таа е една од неколку преостанати театри во Европа од овој период и била во голема мера обновена. Внатрешноста била дизајнирана од Џузепе Гали Бибјена и неговиот син Карло од Болоња во доцен барокен стил. Принцезата Вилхелмина од Прусија (постарата сестра на Фридрих Велики), жена на Фридрих (маркгроф на Бранденбург-Бајројт), учествувала како писател, играч, композитор, глумец и режисер.

Маркгрофовска оперска куќа Бајројт
светско наследство на УНЕСКО
Маркгрофовска оперска куќа
Критериумкултурно: i, iv
Навод1379
Запис2012 (XXXVI заседание)

Големината на сцената (27 метри)[1] го привлекла Рихард Вагнер, кој подоцна ја изградил својата Фестивалска сала во Бајројт, северно од градот.

Секој септември, театарот е домаќин на Бајројтскиот барокен фестивал, со изведби на ретки оперски дела.

На 30 јуни 2012, оперската куќа била впишана во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.[2]

Театарот е затворен од август 2012 поради опсежно реновирање и реконструкција, процес кој се очекува да трае неколку години.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

49°56′40″N 11°34′42″E / 49.944371° СГШ; 11.578302° ИГД / 49.944371; 11.578302