Мари Шантал (филм)
„Мари Шантал против д-р Ка“ (француски: Marie-Chantal contre le docteur Kha) — филм на францускиот режисер Клод Шаброл (Claude Chabrol) од 1965 година. Истовремено, Шаброл е и автор на сценариото. Филмот е заснован врз ликовите од циклусот романи на Жак Шазо (Jacqueas Chazo). Главните улоги ги толкуваат: Мари Лафоре (Marie Laforêt), Франсиско Рабал (Francisco Rabal), Серж Реџани (Serge Reggiani), Аким Тамироф (Akim Tamiroff) и Стефан Одран (Stéphane Audran), а една мала улога игра и самиот Шаброл.[1]
Синопсис
уредиМладата девојка Мари-Шантал (ја игра Лафоре) случајно е вовлечена во тајната војна меѓу агентите и терористите. Пред таа да сфати што се случува, следбениците на таинствениот д-р Ка (го игра Тамироф), кои ја сметаат за опасен сведок, поаѓаат во потера по неа. Бегајќи од нив, таа го запознава агентот Пако (го игра Рабал), кој работи за професорот Ломбарди, главниот противник на д-р Ка...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |