Марија Симон
Марија Симон (родена 1976) — германска глумица.
Марија Симон | |
---|---|
Марија Симон, 2010 | |
Роден(а) | 1976 Лајпциг, Источна Германија |
Семејство и биографски податоци
уредиСимон е најмладата сестра на глумицата Сузана Симон. Таа е родена и израсната во поранешна Источна Германија, но се преселила во Њујорк во 1990 година за да живее со нејзиниот татко, компјутерски експерт во ООН, и сестра ѝ Далена Симон. Таа, исто така, има сестра по име Алиса.
Симон има четири деца. Првото од поранешната врска со глумецот Девид Штрајсоу и три со нејзиниот сопруг, глумецот Бернд Микаел Ладе.
Образование
уредиПо завршувањето на училиштето, таа се вратила во ново-обединетата Германија за да студира глума на Академијата за сценски уметности Ернст Буш во Берлин, од која ја добила нејзината диплома во 1999 година.
Улоги и награди
уредиТаа ја добила наградата за Најдобра глумица за нејзината улога во филмот Лути Бакнжи на 22-иот Меѓународен Московски филмски фестивал во 2000 година.[1] Симон била номинирана за Најдобра глумица во споредна улога на Германските филмски награди во 2003 година,[2] и била прогласена за Европска ѕвезда во подем (т.е. најдобра нова глумица) на Берлиналето во 2004 година.[3] Истата година, таа ја играла Поли во Опера од три пени на Бертолт Брехт во театарот Максим Горки во Берлин. Нејзиниот ТВ-филм Мала Сестра бил номиниран за Наградите Адолф Грим во 2005 година.[4]
Филмографија
уреди- Лутер (2003) како Хана
- Далечни светла (2003) како Соња Режија: Ханс-Кристијан Шмид
- Збогум, Ленин! (2003) како Ариана Кернер
- Солзите на мојата ќерка (2002) како Стефани
- Портрет на брачна двојка (2002) како Дорит
- Летото кое одминува (2001) како Јохана
- Лути бакнежи (1999) како Леа
Наводи
уреди- ↑ „22nd Moscow International Film Festival (2000)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2013-03-29.
- ↑ Blaney, Martin (January 2004). „Actress' Portrait - Shooting Star - A portrait of Maria Simon“ (PDF). Kino - 1/2004. Export-Union des Deutschen Films. Архивирано од изворникот (pdf) на 2019-08-01. Посетено на 31 January 2011.
- ↑ „interfilm.de“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2019-05-06.
- ↑ presseportal.de
Надворешни врски
уреди- Maria Simon на Семрежната филмска база на податоци (англиски)