Марија Велинова ( 2003, Штип) — македонска поетеса. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Има објавувано повеќе текстови на платформата „Култура Бета“, како и во списанијата „Средношколски размислувања 4“ и „Филозофска трибина“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“ каде што победи на поетско читање за млади поети „Отскочна даска“ и на поетските читања „Добри гости“ и „Поетска епизода“. Во 2022 ја претставуваше Македонија на Светската филозофска олимпијада.

Дела

уреди

До сега, има објавено две стихозбирки:

  • Разговорите што не можевме да ги имаме (2021, Дата Песнопој)[1]
  • Омарнина што омалаксува (2023, ПНВ Публикации)[2]

Извори

уреди
  1. аз буки веди - марија велинова, мај 10
  2. Три песни од Марија Велинова Од стихозбирката „Омарнина што омалаксува“