Маријан Новаковиќ

Маријан Новаковиќ (Вучитрн, 3 август 1957) е лекар - пластичен хирург, пензиониран генерал на санитетската служба во српската војска. Поранешен началник на Воено-медицинската академија.

Животопис уреди

Завршил основно училиште со одличен успех. Носител е на Вукова диплома. Воената гимназија ,,Братство и единство ја завршил во 1976 година во Белград. Носител е и на Аласова диплома за областа биологија. Истата година запишал медицински факултет во Белград како воен стипендист на кој дипломирал во 1982 година. Специјализацијата ја положил на 6 октомври 1988 година со одличен успех.

После завршувањето на специјализацијата, бил распореден во одделението за пластична хирургија, во Клиниката за пластична хирургија и изгореници BMA како одделенски лекар. Од 2001 до 2004 година бил на должност како началник на клиниката во делот за септични изгореници, потоа од 2004 до 2005 година бил началник на Одделението за изгореници. Од 2005 до 2007 година бил началник на Одделението за пластична хирургија и од 2007 година бил началник на Клиниката за пластична хирургија и изгореници BMA.