Мансакански јазици
Мансаканските јазици се подруга на филипинските јазици од семејството на австронезиски јазици. Од овие јазици, најистакнат јазик е дававењскиот јазик, но голем број од луѓето зборуваат и себуански јазик.
Мансакански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Давао, Минданао |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: |
—
|
Класификација
уредиМансаканските јазици се составени од:
- давајски јазик
- источни
- карагаски јазик
- мандајански: мансакаски и мандајаски
- камајоски јазик
- калагански јазик
Според анализата на Базата на основни австронезиски зборови,[1] во оваа група јазици се додале и бутуанскиот јазик, сулскиот јазик и маманваскиот јазик. Така групата изгледала вака:
- големомансакански
- бутуанско-сулски јазик (таусуг)
- маманваско-мансакански
- маманваски јазик
- мансакански
Јазичарот Галман во 1974 година[2] ја дал следната класификација:
- мансакански јазици
- северномансакански
- камајоски јазик (север и југ)
- дававски
- дававењски
- источномансакански
- исамалски
- карагаски
- кабасашки, бососки, мансакански, мандајски
- западномансакански
- калагански и тагакаоло
- северномансакански
- маманваски
Наводи
уреди- ↑ Greenhill, S.J., Blust. R, & Gray, R.D. (2008). The Austronesian Basic Vocabulary Database: From Bioinformatics to Lexomics. Evolutionary Bioinformatics, 4:271-283.
- ↑ Gallman, Andrew Franklin. A Reconstruction of Proto-Mansakan. M.A. dissertation. Arlington, Texas: Dept. of Liunguistics, University of Texas at Arlington, 1974.
Поврзано
уреди
Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |