Аполима (самоански: Apolima) е остров во Самоа. Овој е најмалиот населен остров во државата и се наоѓа во протокот Аполима. Источно се наоѓа островот Уполу, а западно Саваи.

Аполима
Поглед кон Аполима од Саваи
Географија
МестоТихи Океан
Координати13°49′26″S 172°09′04″W / 13.824° ЈГШ; 172.151° ЗГД / -13.824; -172.151
Држава
Демографија
Население75 (2006)

Опис

уреди

На островот има само едно село, Аполима Таи, кое има население од само 75 луѓе според пописот од 2006 година.[1] Селото се наоѓа во внатрешноста на островот, во северниот дел.

Аполима е всушност кратер на мртов вулкан, кој достгнува 165 метри надморска висина. Островот има вкупна површина од скоро 1 километар квадратен. На островот се пристигнува само со брод. Може да се пристигне од северната страна.

На 2,4 километри северозападно се наоѓа островот Уполу, а на 7 километри се наоѓа Саваи. Веднаш до Аполима се наоѓа островот Маноно и ненаселениот Нулопа. Административно сите овие се дел од округот Аига-и-ле-Таи.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Population and Housing Census Report 2006“ (PDF). Samoa Bureau of Statistics. July 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 July 2011. Посетено на 16 December 2009.
  2. „Samoa Territorial Constituencies Act 1963“. Pacific Islands Legal Information Institute. Архивирано од изворникот на 5 June 2011. Посетено на 16 December 2009.