Манифестација „Денови на пролетта“ во Велес
Манифестација „Денови на пролетта“ во Велес за прв пат се одржала во рамки на програмата за активности на Општина Велес во соработка со Еколошкото Друштво „Вила Зора“ од Велес на 22 март 2010 година[1].
Опис
уредиПрвата манифестација „Денови на пролеттаја организирале Еколошкото Друштво „Вила Зора“ со покровителство на Општина Велес и започнала на Сар Маале во Велес. Членовите на еколошките секции и учениците од основните и средните училишта со децата од градинките од Велес, еколошките пораки симболично ги закачиле на метални дрвја. Градоначалникот Горан Петров[2] на овој настан им порачал на децата: „Пораките што денес се листови на овие метални дрва најдобро е да станат историја. Да ги оствариме сите желби напишани на нив. Во секој случај ќе ги прочитаме сите до една, ќе ги разгледаме сликовитите пораки и ќе ги имаме предвид при креирањето на активностите од областа на заштитата на животната средина“ Во 2013 година на оваа манифестација учесници биле учениците од сите основни општински училишта, децата од Детска градинка „Димче Мирчев“ и учениците од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“. На оваа манифестација овој ден, кога е и ден на екологијата со еко пораки кои ги закачиле на дрво кое се наоѓало во Ликовниот салон во Велес младите велешани и посакале добредојде на пролетта со надеж за чиста животна средина, посакале да имаат чист воздух,вода и почва. Еко пораките децата ги испратиле до возрасните да им стават до знаење што мислат тие децата- иднината на Велес. На манифестацијата „Денови на пролетта“ се одржал и велосипедски крос на кои учесници исто така биле ученици од основни општински училишта. Со овој велосипедски крос тие до јавноста испратиле порака до сите велешани „Возете велосипед, не ја загадувајте дополнително животната средина“ Оваа манифестација продолжила да се реализира и следните години на на 22 март [3]. и станала традиција на велешани.Најмладите учесници на манифестацијата секоја година преку еко пораки,со засадување на зелени садници, цвеќе и велосипедски крос секоја година продолжиле да испраќаат апел дека сакаат да живеат во чиста и здрава животна средина. Како што секоја година со пролеттта се буди природата, така младите велешани сакале да ја разбудат свеста на возрасните. Во 2016 и 2017 година на манифестацијата се придружиле и Советот на млади од Општина Велес.
Галерија
уреди-
Ученици во Младински парк во Велес
-
Ученици во Младински парк во Велес
-
Ученици на велосипедски крос во Младински парк во Велес
-
Ученици во Младински парк во Велес
-
Децата од градинките во Велес
Надворешни врски
уреди- https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/4227-denot-na-proletta
- https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/2394-2013-03-22-06-56-19
- https://www.facebook.com/media/set/?set=a.821146168011438&type=3&paipv=0&eav=AfZOq5DoPGwZyVXM2cAnkPLmR7SxiyFIwEhLEGZ4qFij1GHk379VxbUqQ8dyF64J2MU&_rdr