Хиландар или Хиландарски манастир (српски: Хиландар; грчки: Χιλανδαρίου) — српски православен манастир на Света Гора, Егејска Македонија. Основан е во 1198 година од страна на Свети Сава и неговиот татко, големиот жупан Стефан Немања (со монашко име Симеон) [1]. Во денешно време Хилендарски манастир е најголемото светилиште на српскиот народ. Тој стои на четврто место во хиерархијата на светогорските манастири. Вклучен е на списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Историја на манастирот

уреди
 
Манастирот Хиландар во 1896 година

По падот на македонските, бугарските и српски територии под турско ропство голем број на христијани од овие области се замонашиле монаси во него. Во XVIII век, манастирот великодушно ги дарува трговците како Хаџи Валчо и др. Многу познати христијани од тоа време го посетуваат или живеат во него: Софрониј Врачански, Неофит Бозвели, Иларион Макариополски и други. Отец Паисиј ја пишува таму својата Историја славјанобугарска.

Во 70-тите години на 20 век грчката влада предлага да се изгради електрична мрежа во Света Гора. Светата заедница, владејачка монашката република одбива и оттогаш секој манастир се напојува со автономни електрогенератори. Така Хилендар е електрифициран во 80-тите години на 20 век. Во 2004 година се случува инцидент со електрична грејна печка во стариот дел на манастирот. Избувнува силен пожар, кој значително го оштетил северозападното станбено крило. И во моментов продолжуваат да се извршуваат обновување работи.

Извори

уреди
  1. Ћоровић, Вл. Света Гора и Хиландар до шеснаестог века. Београд, 1985