Манастирот Калениќ е женски манастир на Српската православна црква, кој припаѓа на Шумадиската епархија. Тој се наоѓа во близина на Рековац и 12 од селото Опариќ. Посветен е на Воведението на Богородица.[1]

Манастир Калениќ
Основни податоци
МестоКалениќки Прњавор, Општина Рековац
ПрипадностСрпска православна црква

Манастирот претставува недвижно културно наследство како споменик на културата од исклучително значење.

Никон Лазаревиќ бил старешина на манастирот од 1910 до 1944 година.

Историја

уреди

Калениќ е завештание на протовестарот Богдан, угледниот благородник на деспотот Стефан Лазаревиќ. Црквата била изградена и живописана помеѓу 1407 и 1413 година. Напуштен е кон крајот на 17 век; го обновиле кон средината на 18 век монасите од Морача. Старешини на манастирот биле: Самуило Јаковљевиќ, Пајсије Раденковиќ, Гаврило Миљковиќ, Макарије Јеремиќ, Леонтије Цветиќ.

Архитектура и живопис

уреди
 
Калениќ - црква со камбанарија

Според ликовните вредности, манастирот се вбројува помеѓу најзначајните споменици на културата во Србија. Моравската црква, богатодекорирана однадвор, фреските спаѓаат меѓу најдобро зачуваните животописни остварувања во 15 век.

Основата на манастирот е триконхос од концизен тип со една купола; има припрат со слепа купола. Се вели дека Калениќ е најраскошниот манастир во моравски стил, кој се одликува со богата архитектонска камена пластика и наизменично редење на камен и тула. Што се однесува до ѕидните декорации и фреските, застапени се вообичаените мотиви, како што се големите празници, земниот живот на Христос и неговите чуда, како и циклусот на апокрифните житија на Богородица во припрати, во кој сенаоѓа и ктиторската композиција - протовестирот Богдан заедно со сопругата Милица и братот Петар му приоѓаат на деспотот Стефан.

Во периодот меѓу 1928 и 1930 година година извршено е големо стручно обновување на манастирот.

Сабори

уреди

Во манастирот традиционално секоја година се одржува Саборот „Го поминав Левац, ја поминав Шумадија“, (српски јазик: Саборот „Проѓох Левац, проѓох Шумадију“) под покровителство на Министерството за култура на Република Србија и општината Рековац.[2][3][4][5]

Галерија

уреди

Наводи

уреди

 

Надворешни врски

уреди