The Mamas & the Papas

американска фолк рок група
(Пренасочено од Мамас енд папас)

The Mamas & the Papasфолк рок музичка група од втората половина на 1960-тите. Групата била основана во Лос Анџелес, и ја сочинувале Американците Џон Филипс, Кас Елиот и Мишел Филипс и Канаѓанецот Дени Доерти.

The Mamas & the Papas
(од лево кон десно): Мишел Филипс, Кас Елиот, Дени Доерти и Џон Филипс во телевизиската емисија „Шоуто на Ед Саливан“ - 11 јуни 1967 година
Животописни податоци
ПотеклоЛос Анџелес[1]
Жанрови
Период на активност1965–1968, 1971, 1998
ИздавачиDunhillRCA Victor
Соработници
Мреж. местоthemamasandthepapasofficial.com
Поранешни членови

За време на своето постоење од 1965 до 1968 година, The Mamas & the Papas објавиле пет студиски албуми и 17 синглови, и успеале да продадат речиси 40 милиони плочи ширум светот.[2] Шест нивни песни се пласирале Билбордовата топ-10 листа. Во 1998, за нејзиниот придонес во музичката индустрија, групата била примена во Куќата на славата на рокенролот. Во 1971 групата накратко се обединила и го снимиле албумот People Like Us. Нивни најпопуларни песни се „California Dreamin", „Monday, Monday“ и „Dedicated to the One I Love“.

Историјат на групата

уреди

The Mamas & the Papas биле основани од сопружниците Џон и Мишел Филипс (моминско: Гилијам) и Дени Доерти (поранешен член на Mugwumps). Последна се приклучила Кас Елиот, исто така поранешна членка на Mugwumps.

Прв сингл на The Mamas & the Papas бил „Go Where You Wanna Go“, објавен како ограничено издание во ноември 1965 година, но не успеал да се пласира на топ листите. [3] Следната песна, „California Dreamin'“ била објавена на 18 декември, и била промовирана со реклама на цела страна во Билборд.[4] Песната станала хит и ја започнала успешната приказна на групата. По California Dreamin' групата издала уште неколку песни кои се пласирале на Билбордовата топ-100 листа, меѓу кои била и Monday, Monday.

Во февруари 1966 година, групата го објавила својот прв албум, If You Can Believe Your Eyes and Ears, кој е нивни единствен албум кој се искачил на прво место на Билбордовата Топ-200 листа. Третиот и последен сингл од албумот, „Monday, Monday“, бил објавен во март 1966 година. Станала нивна единствена песна на прво место во САД. За песната „Monday, Monday“ во 1967 година групата добила Греми награда за најдобра поп изведба на дуо или вокална група. Била номиниран и за најдобра изведба на вокална група, најдобра современа песна и запис на годината.

Вториот албум на бендот, The Mamas & the Papas, понекогаш се нарекува и Cass, John, Michelle, Dennie, затоа што на корицата над името на групата се напишани имињата на нејзините членови, како и од неразбирливи причини погрешно напишанато име на Доерти. Снимањето било прекинато кога Мишел Филипс рекла дека има афера со Џин Кларк од the Byrds.[5] [6] Нејзиниот сопруг, Џон Филипс претходно ѝ простил за аферата што ја имала со Дени Доерти; за аферата Доерти и Џон Филипс заедно ја напишале песната „I Saw Her Again“. [5] [6] Подоцна меѓу нив имало несогласици за тоа колку Доерти придонел за песната.[7] [6] По аферата на Мишел со Кларк, Џон Филипс бил решен да ја отпушти.[6] По консултации со нивниот адвокат и со издавачката куќа, на 28 јуни 1966 година Џон, Елиот и Доерти на Мишел ѝ доставиле писмо со кое ја избркале од групата.[5]

На местото на Мишел на групата ѝ се придружила Џил Гибсон. Иако Гибсон брзо се прилагодила и била ценета, тројцата оригинални членови увиделе дека ја нема „сценската харизма“ на нејзиниот претходник, и на 23 август 1966 година Мишел Филипс била вратена во групата. [6] [8] Џил Гибсон ја напуштила групата.[5]

 
The Mamas & the Papas во емисија на American Broadcasting Company (ABC), 1967

Една од последните сценски настапи на The Mamas & the Papas била летото 1967 година на фестивалот во Монтереј. Всушност, идејата за учество на фестивалот била на Џон Филипс и Лу Адлер. The Mamas & the Papas настапија на иста сцена со групи како The Animals, Jefferson Airplane, The Who и други.

The Mamas & the Papas се распаднаале во 1968 година: Кас Елиот одлучила да продолжи со соло кариера, а Џон и Мишел официјално поднеле барање за развод.

Состав

уреди
  • Џон Филипс (John Phillips; 30 август 1935 - 18 март 2001) водач на групата, текстописец
  • Кас „Мама“ Елиот (Cass Elliot, родена Елен Наоми Коен (Ellen Naomi Cohen), 19 септември 1941  - 29 јули 1974 година) - вокал
  • Мишел Филипс (Michelle Phillips; родена како Холи Мишел Гилијам (Holly Michelle Gilliam), родена на 4 јуни 1944) - вокал
  • Дени Доерти (Denny Doherty; 29 ноември 1940 во Халифакс , Канада  - 19 јануари 2007 година) - вокал

Од јуни до август 1966 година, во групата Мишел Филипс била заменета со Џил Гибсон.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • If You Can Believe Your Eyes and Ears (1966)
  • The Mamas & the Papas (1966)
  • The Mamas & The Papas Deliver (1967)
  • The Papas & the Mamas (1968)
  • People Like Us (1971)

Наводи

уреди
  1. „The Mamas and the Papas Biography“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на July 10, 2016.
  2. "The Mamas and the Papas", Last.fm.
  3. "I Wanna Be a Star: The 45s", David Redd's Mamas and Papas Pages.
  4. "Does anyone here own the "Go Where You Wanna Go" 45 (Dunhill 4018)?"
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 M. Phillips 1986.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 J. Phillips 1986.
  7. Doherty said, "I wrote the tune.
  8. "Jill Gibson's Vocals on the 2nd Mamas and Papas LP", Steve Hoffman Music Forums.

Извори:

Надворешни врски

уреди