Мал лебед
Мал лебед | |
---|---|
Возрасен лебед, Cygnus columbianus bewickii | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Надред: | Живина |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Anserinae |
Племе: | Cygnini |
Род: | Cygnus |
Вид: | C. columbianus |
Научен назив | |
Cygnus columbianus (Ord, 1815) | |
Синоними | |
Anas columbianus Ord, 1815 |
Малиот лебед (Cygnus bewickii) живее и во Македонија.
Таксономија
уредиМалиот лебед го добил своето име во 1830 година од Вилијам Јарел според бакрорезецот Томас Бевик, чија специјалност била илустрација на птици и животни.[2]
Опис
уредиВозрасните единки на овој лебед можат да достигнат должини од 115 до 150 см, со распон на крилјата од 168 до 211 см, и тежина од 3.4 до 9.6 кг.[3][4] Пердувите на возрасните единки се целосно бели, со црни нозе, клун кој во најголем дел е црн, со розова шара која се протега по должината на усните. Нивните очи се темно-кафени. Женките не се разликуваат во изглед со машките единки, но се малку помали.[5][6]
Помладите единки имаат еднаков дел бели и сиви пердуви, од кои поголемиот дел се наоѓаат на главата и горниот дел од вратот. За време на нивното прво лето, поголемиот дел од нивните перуви побелуваат, а за време на нивната втора зима се митарат додека не ја добијат бојата на возрасните. Нивните клунови се слични по изглед со возрасните единки, а нивните нозе се темно-сиви со розова нијанса.[6]
Подврсти
уреди-
C. c. bewickii
-
C. cygnus
-
C. c. columbianus
-
C. c. columbianus
-
C. buccinator
Распространетост и живеалиште
уредиМалиот лебед е вид птица која се изведува во Арктикот, каде што населува плитки поточиња, езера и реки. Овие птици се преселници. За време на преселбата, Малиот лебед може да достигне височина од 8 километри.[се бара извор]
Пристигнуваат на местото за размножување во средината на месец Мај, и заминуваат кон нивните зимски живеалишта кон крајот на Септември, каде што пристигнуваат во средината на Октомври.[5][6]
Исхрана
уредиВо летниот период, се хранат со водна вегетација. Glyceria, Zostera. Се хранат нурнувајќи ја главата под вода. Можат да јадат и трева која што расте на сува земја. Останатиот период од годината се прехрануваат со житни продукти и други видови на растенија како компири, кои заземаат поголем дел од нивното "мени".[5][6]
Размножување
уредиМалиот лебед се пари доцна во пролет. Живеат моногамно, сè додека еден од партнерите не умре. Во случај на смрт на еден од партнерите другиот нема да бара партнер неколку години, дури и цел живот. Сезоната на гнездење започнува при крајот на Мај. Парот гради големо гнездо од растенија во форма на насип, блиску до отворени води, бранејќи голема територија околу него. Женката несе и одгледува од 3 до 7 јајца, додека мажјакот чува стража од потенцијални грабливци. Јајцата се изнесуваат по 30 дена одгледување. Младите остануваат со нивните родители за време на нивната прва преселба. Оваа врста на птици подготвени се за парење по третата година од својот живот.[5][6]
Одржување
уредиИако бројот на Мали лебеди е стабилен, тие се сè повеќе зависни од житните продукти поради нивната зимска исхрана. Причина за ова е намалувањето на други извори на храна поради уништувањето на нивните живеалишта и загадувањето. Сепак, главната причина за смрт на возрасните единки е ловот, кој е забранет со закон.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Cygnus columbianus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Uglow, Jenny (2006). Nature's Engraver: A Life of Thomas Bewick. Faber and Faber, p. 396, ISBN 0226823911.
- ↑ Bewick’s swan (Cygnus columbianus bewickii) Архивирано на 11 октомври 2011 г.. Arkive.org.
- ↑ Tundra Swan. All About Birds
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Madge, Steve & Burn, Hilary (1987): Wildfowl: an identification guide to the ducks, geese and swans of the world. Christopher Helm, London. ISBN 0-7470-2201-1
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Carboneras, Carles (1992): 16. Tundra Swan. In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Sargatal, Jordi (eds.): Handbook of Birds of the World (Volume 1: Ostrich to Ducks): 579, plate 40. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-10-5
Надворешни врски
уреди„Мал лебед“ на Ризницата ? |
- Tundra Swan Species Account – Cornell Lab of Ornithology
- RSPB Bewick's Swan Page
- WWT Slimbridge Архивирано на 26 февруари 2013 г.
- Tundra Swan Архивирано на 29 јули 2010 г.
- Stamps-Cygnus columbianus (worldwide-9) – Circum-Polar Range-map
- Tundra Swan videos, photos & sounds Архивирано на 4 април 2016 г. on the Internet Bird Collection