„Малена“ — италијански филм од 2000 година во режија на Џузепе Торнаторе. Главните улоги ги играат: Моника Белучи, Џузепе Сулфаро и Лучијано Федерико.[1]

Синопсис

уреди

Во 1941 година, во едно мало место на Сицилија доаѓа убавата и заводлива Малена. Таа е омажена, но нејзиниот сопруг е мобилизиран и се претпоставува дека погинал на фронтот. Малена го привлекува вниманието на сите жители во местото при што кај многумина предизвикува љубомора, а освен тоа, таа е предмет на озборувања. Меѓутоа, наспроти малограѓанскиот, провинциски менталитет, Малена не реагира на озборувањето, а сето тоа го набљудува детето Ренато кој сочувствува со неа.

Наводи

уреди