Мала еребија
Мала еребија | |
---|---|
Долна страна | |
Горна страна, женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Erebia |
Вид: | E. euryale |
Научен назив | |
Erebia euryale (Esper, 1805) | |
Синоними[1] | |
Список
|
Малата еребија (Erebia euryale) е пеперуга од видот на шарени пеперуги.
Подвидови
уредиПодвидовите на малата еребија вклучуваат:[1]
- Erebia euryale adyte Hübner, 1822 (Алпи)
- Erebia euryale etobyma Fruhstorfer, 1910
- Erebia euryale euryale (Esper, 1805) (Северни Алпи)
- Erebia euryale huebneri Oberthür, 1912
- Erebia euryale isarica Heyne, 1895 (Северни Алпи)
- Erebia euryale ocellaris Staudinger, 1861 (Источни и Јужни Алпи)
- Erebia euryale syrmia Fruhstorfer, 1909 (Балкан)
-
Erebia euryal adyte ♂
-
Erebia euryal adyte ♂ △
Животна средина
уредиПеперугата живее во Европа. Може да се најде во јужните и централните предели на континентот, вклучително и Македонија. Исто така може да се најде до Алтај.[2][3] Пеперугата претежно живее покрај шумски предели, падини, ливади и долини на надморска висина од 500 до 2600 метри.[2]
Опис
уредиПеперугата има распон на крилјата од 20 до 23 мм. Одликите на пеперугата зависи од географската област каде живее.[4] Најчесто горната страна на крилјата е темнокафена со портокалови белези распоредени покрај краевите на крилјата. На портокаловите белези има црни точки со бели зеници. Кај мажјаците скоро и да нема бели точки. На самите краеви на крилјата има бели белези. Гасениците се кафеави.
Биологија
уредиОвој вид на пеперуги има една генерација годишно. Јајцата се сивкасти и се несат на пролет. Возрасните единки летаат од јуни до септември. Често се наоѓаат на жолти глуварчиња. Гасениците се хранат со растенијата Anthoxanthum odoratum, Brachypodium sylvaticum, Deschampsia cespitosa, Festuca ovina, Festuca rubra, Festuca alpina, Poa nemoralis, Carex flacca, Digitaria, Milium, Carex и Sesleria.[2][5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Erebia Dalman, 1816" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Russian Insects
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-01-19.
- ↑ Frans Cupedo Reproductive isolation and intraspecific structure in Alpine populations of Erebia euryale (Esper, 1805) (Lepidoptera, Шаренци, Satyrinae)
- ↑ Pyrgus.de
Литература
уреди- A. G. Tatarinov and M. M. Dolgin: To the Knowledge of the Intraspecific Variation of the Satyrid Erebia euryale Esp. (Lepidoptera, Satyridae) in Northeastern European Russia.
- Bolotov I.N. 2012. The Fauna and Ecology of Butterflies (Lepidoptera, Rhopalocera) of the Kanin Peninsula and Kolguev Island. - Entomological Review 92(3): 296-304.
- Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord de Tom Tolman, Richard Lewington, éditions Delachaux et Niestlé, 1998 - (ISBN 2603011146)
- M.Chinery & P.Leraut Photoguide des papillons d'Europe Delachaux et Niestlé (ISBN 2-603-01114-6)
- Thomas Schmitt & Karola Haubrich: The genetic structure of the mountain forest butterfly Erebia euryale unravels the late Pleistocene and postglacial history of the mountain coniferous forest biome in Europe. Molecular Ecology, 17: 2194–2207, 2008 doi:10.1111/j.1365-294X.2007.03687.x
Надворешни врски
уреди- Пеперуги во Европа
- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперуги во Европа и С. Африка