Македонско-кинески односи
Македонско-кинеските односи вклучуваат билатерални односи меѓу Кина и Северна Македонија во различни области.
Македонија |
Кина |
---|---|
Дипломатска мисија |
Првите дипломатски контакти меѓу Македонија и Кина датираат во далечна 1978 година, од посетата на тогашниот кинески премиер Хуа Гуофенг, на главниот град на Македонија - Скопје. На 12.10.1993 година, Р. Македонија и Н.Р. Кина формално ќе воспостават целосни дипломатски односи. Со тоа Н.Р. Кина ќе стане десетата земја во светот која ќе ја признае Р. Македонија, а тоа признавање ќе биде не било какво, туку под уставно име на нашата татковина.
На ваквиот принципиелен став во врска со името на Р. Македонија, Н.Р. Кина останува и до ден денес, за што премиерот на Р. Македонија Никола Груевски при последната средба со премиерот на Н.Р. Кина Вен Џиабао (15.05.2012) изрази благодарност.
Транспорт
уредиНе постојат директни авиолинии помеѓу Македонија и Кина. Најблиски врски се преку белградскиот и атинскиот аеродром до Пекинг, како и од аеродромот во Истанбул до Пекинг, Шангај, Гуангџоу и Хонгконг.