Македонски хумористични народни приказни (книга)

„Македонски хумористични народни приказни“ — збирка со македонски хумористични народни приказни и авторски раскази, во избор и редакција на Томе Саздов, а објавена од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“.

Содржина

уреди

Книгата ги содржи следниве приказни и раскази:[1]

  • Мајсторот што го турнал оџакот
  • Лажливото здравје
  • Селанецот и оџата
  • Магарето што јадело грав
  • Трајко без глава
  • Ги надмудрил своите синови и снаи
  • Да ми речеше магаре, немаше да се лутам
  • Мало Турче, ама чисто турски зборува
  • Само месо дома дошло
  • Селанецот, волкот и јагнето
  • Прилепски бербер обрикол магаре
  • Куцото петле и мачорот
  • Лисицата и волкот
  • Излажаниот бербер
  • Глувата баба и еден човек
  • Крадецот што крадел лук низ оџак
  • Го фатил лукот
  • Господ и четириесетте маченици - премногу за помошници
  • Магаре јавај - магаре барај
  • Загинатото магаре
  • Мрзливата жена
  • Мрзливата сопруга
  • Мрзливиот овчар
  • Циганот како сведок
  • Овчарот и владиката
  • Поуката на еден поп
  • Попот јарец
  • Итриот Циганин
  • Ромот станал султан
  • Циганинот Рамче
  • Зошто ги викаме македонските Власи Куцовласи
  • Грешна дијагноза
  • Селанецот го надитрил аптекарот
  • Неучениот поп
  • „Кој го украде сеното, тој ја има мувата на капата“
  • Граѓанинот и селскиот пријател
  • Итар Пејовата измама
  • Прво отплаќање Итар Пејово
  • Второ отплаќање Итар Пејово
  • Трето отплаќање Итар Пејово
  • Итар Пејо знае турски
  • Рибина чорба
  • Итар Пејо во Скопје
  • Насрадин-оца се инаетел со жената
  • Гласот утре ќе се чуе
  • До каде дошла техниката на железницата
  • Час по физика
  • Писмо до Господа
  • Темелко ќелавиот
  • Продавачот на семки
  • Волшебното огледало
  • Непотребна кавга
  • Пасош за вол
  • Бранко и Ранко
  • Во еднонасочна улица
  • Извадениот менувач

Изданија

уреди
  • Во 2004 година, книгата била објавена од Редакцијата „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“. Таа има 132 страници, а на крајот од книгата се наоѓа поговорот „За македонските хумористични народни приказни“ на Томе Саздов, како и кратка белешка за него. Дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, автор на илустрациите е Томе Манески, а лектурата и коректурата ги направила Катерина Ноневска. Книгата е испечатена во печатницатаКоста Абраш“ во Охрид. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-603-6.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонски хумористични народни приказни, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.