Македонскиот проблем (статија)
Македонскиот проблем (германски: Das macedonische Problem) e статија објавена во влијателниоит виенски секојдневник Neue Freie Presse на 1 март 1903 година, автор на текстот е Ватрослав Јагиќ [1]. Во оваа статија биле разгледани повеќе проблеми оклоу т.н Македонско прашање.
Авторот истакнал дека Егзархијата има голема улога во ширењето на бугарската пропаганда во Македонија. Таа ставила цврста нога во Македонија, училиштата и црквата се нашле во нејзини раце. Се било уредено според старата сентенција: Cuius religio eius regio [2]. Според Јагиќ, зад активноста на Егзархијата стоела бугарската влада [3]. Покрај бугарската пропаганда, Јагиќ ги споменал и останатите странски пропаганди во Македонија. По прашањето за македонскиот јазик, Јагиќ истакнал дека македонските Словени имале специјални дијалектолошки особености [4] и според јазикот биле поблиску до бугарскиот јазикот.
Извори
уреди- ↑ Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 130
- ↑ Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 133
- ↑ Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 133
- ↑ Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 133