Македонија на Детска Евровизија 2009
Македонија настапи на Детска Евровизија 2009 кој се одржа на 21 ноември 2009 во Киев, Украина.[1]
Пред Детска Евровизија
уредиНа 14 јули 2009, македонскиот радиодифузер објавил дека рокот за поднесување на песните бил во тек и траел до 1 август 2009. Професионални жири одбрало 12 песни да земат учевство во националното финале, кое било закажано за 26 септември 2009 во 20:15, со пренос во живо на МРТ 1 и МРТ Сат. Редоследот на песните бил утврден во живо на 4 септември 2009 во младинската емисија Ѕвон.
На 24 август, МТВ ја објавиле листата на финалисти на националното финале. Марија Зафировска настапила на националните финалиња во 2007 и 2008 и се појавила на сцената во Ротердам како позадински вокал за Димитар и Росица, Сара Марковска во националното финале во 2007 и исто така во Ротердам, Филипа Бибановска настапила во националното финале во 2008, и во 2007 Филипа, Деа и Теа биле позадински танчери за некои учесници на натпреварот.
На 13 септември, МТВ ја објавиле финалната листа на учесници на националното финале со редоследот на настапите:
Редослед | Артист | Песна | Жири | Телефонско гласање | Вкупно | Место | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | Поени | ||||||
1 | Јована Крстевска | Како во круг | 4 | 66 | 1 | 5 | 7 |
2 | Филипа, Деа и Теа | Тики тики да да | 12 | 136 | 5 | 17 | 2 |
3 | Теодора Ангелевска | Паника од љубов | 1 | 244 | 8 | 9 | 5 |
4 | Мартина Дојчиновска | Љубовта е магија | 0 | 88 | 2 | 2 | 8 |
5 | Кристијан Неделковски | Кажи желба | 7 | 29 | 0 | 7 | 6 |
6 | Сара Маркоска | За љубовта | 8 | 378 | 10 | 18 | 1 |
7 | Марија Зафировска | Љубовта боли | 6 | 104 | 4 | 10 | 4 |
8 | Андреј Јовановски | Девојче Македонско | 2 | 183 | 7 | 9 | 5 |
9 | Ана Аврамовска | Меко Р | 3 | 148 | 6 | 9 | 5 |
10 | Мартина Матевска | Води ме на Евросонг | 0 | 8 | 0 | 0 | 9 |
11 | Мила Јаневска | Нема боја љубовта | 10 | 92 | 3 | 13 | 3 |
12 | Ивана Симовска | Ангелски глас | 5 | 414 | 12 | 17 | 2 |
Домаќини на националното финале биле Ивона Богеска и Диме Димитровски, а уметнички директор на шоуто бил Љупчо Мирковски. Македонските претставници на Евровизија 2009, Next Time биле специјални гости на шоуто кое се одржало во Студио 3 на МТВ. Победникот бил избран со гласови од жири и телефонско гласање.
Членови на жирито биле:
- Даниел Тодоровски - член на тимот за Детска Евровизија 2008
- Ади Имери - професор по гитара во СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје
- Мери Попова - уредник на музичка програма на МРТ
- Саша Николовски - диригент
- Адни Чалми - уредник на забавна програма на вториот канал на МРТ.
На Детска Евровизија
уредиПокрај Сара, како позадински танчери настапија и Бисера Мартиновска, Ива Поповска, Тања Василевска, Теодора Јолаковска и Даниел Тодоровски, кој го придружуваше Боби во 2008.
Во финалето, Македонија го освои 12 место со 31 поен.
Наводи
уреди- ↑ „FYR Macedonia JESC 2009 Македония Р"етское Евровидение 2009“. esckaz.com. Посетено на 2021-06-06.