Магла (англиски: The Mist) — американска научнофантастична телевизиска серија во жанрот трилер на ужасите, развиена од Кристијан Торп. Се заснова на истоимениот роман на ужасите од 1980 г. на писателот Стивен Кинг.[1] Серијата се прикажувала во една сезона од 10 епизоди на Spike од 22 јуни до 24 август 2017 г. Spike подоцна ја откажал серијата на 27 септември истата година.

Магла
Жанр
  • научна фантастика
  • ужаси
  • трилер
Создадена одКристијан Торп
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди10
Производство
Времетраење47 минути
Продукциска куќаDimension Television
Прикажување
Првична мрежаSpike
Првично прикажување22 јуни 2017 – 24 август 2017

Содржина

уреди

Необјаснива магла полека го обвива градот Бриџвил, Мејн, создавајќи речиси непробојна бариера за видливоста. Жителите на градот наскоро дознаваат дека ситуацијата е уште понесигурна бидејќи необјаснивите неправилности и појави во маглата ги напаѓаат и убиваат повеќето што влегуваат во неа, заробувајќи неколку групи луѓе во трговски центар, црква и болница. На крајот, луѓето почнуваат да гледаат привиденија во маглата од нивното минато, стравови или вина, кои им помагаат или убиваат во зависност од тоа како реагираат.

Наводи

уреди
  1. Gennis, Sadie (January 13, 2017). „Spike's The Mist Series Is a "Reimagination," Not a Remake“. TV Guide. Посетено на June 5, 2017.

Надворешни врски

уреди