Лојташка Клисура (германски: Leutaschklamm или Leutascher Geisterklamm) — клисура во близина на Митенвалд и Унтерлојташ на баварско-тиролската граница низ која тече реката Лојташер Ахе. Таа е многу стрмна и не била отворена за туристи до 2006 година. За да се оствари ова бил направен австро-германски проект за изградба на челични патеки и мостови на растојание од 970 метри вреден 1.4 милиони евра поддржан од ЕУ. Со вкупна должина од 1.650 метри, таа е најдолгата достапна клисура во Источните Варовнички Алпи. Клисурата била отворена на 24 мај 2006 година.

Лојташка Клисура

Маркетинг

уреди

Како туристички проект, клисурата се маркетирала како т.н. Geisterklamm („Клисура на духот“), во врска со Koboldpfad („Коболдова патека“) како рај за одмор погодна за семејства. Има 40 табли со информации за митови, геологија, флора и фауна во опкружувачкиот простор, како и дух со очи што намигнуваат и звучно ориентирани игри. Пешачките патеки се хоризонтални секаде каде што е можно и се изградени така што може да се поминат без опрема за качување. Секое стравување предизвикано од висинската разлика од повеќе од 50 метри на места помеѓу пешачката патека и дното на клисурата се смирува со поцврста изведба на патеката.

Покрај тоа, има кратка патека до водопад во клисурата.

Лојташката Клисура во основа е отворена во текот на целата година, освен кога има обилни снежни врнежи кога е затворена. Прошетката низ клисурата е бесплатна; само поминувањето по патеката до водопадот се наплаќа.

Несреќи

уреди

На 7 јули 2007 година, повеќе од неколку стотици килограми карпа над патеката ненадејно се урнале на челичната патека и делумно ја уништиле. Никој не е повреден, но клисурата била затворена две недели заради поправка.

Едерканцел

уреди

Ресторанот Едерканцел (1184 m) на планинскиот гребен западно од и над Лојташката Клисура е географска и политичка занимливост. Додека трпезаријата и тоалетите се во Германија, терасата на ресторанот лежи на австриска почва. Официјалниот граничен камен, кој ја означува границата меѓу двете земји е покрај вратата на терасата на надворешниот ѕид на зградата. Сепак, пијалаците и храната што се служат на терасата се продаваат според германските даночни одредби со договор меѓу двата финансиски сектори одговорни во Гармиш-Партенкирхен и Инсбрук.

Други блиски клисури

уреди

Други значајни клисури во округот Гармиш-Партенкирхен се клисурата Партнах во близина на Цугшпице и клисурата Холентал во близина на Грајнау-Хамерсбах.

Надворешни врски

уреди

47°25′42″N 11°14′47″E / 47.428245° СГШ; 11.246424° ИГД / 47.428245; 11.246424