„Луча микрокозма“ или „Зрак од микрокосмосот“религиозно-филозофска поема на црногорскиот поет Петар Петровиќ Његош од 1845 година. Делото е напишано во пролетта 1845 година, а првото издание се појавило во Белград истата година. На 6 јули 1845 година, Његош му испратил писмо на Сима Милутиновиќ Сарајлија известувајќи го дека му го испраќа „малото дело Луча микрокозма, составено од мене во текот на првите четири недели на чесниот и големиот пост“.[1]

Осврт кон делото

уреди

Поемата е одраз на склоноста на Његош кон рефлексија и на неговиот стремеж кон вселенските простори. Обземен од прашањето за смислата на човековото постоење на овој свет и сакајќи да ја одгатне човековата несреќа, а измачуван од тешкотиите на црногорската стварност, решението на големите мисли кои го измачувале Његош го побарал во „дванаесеттото небо“. Преку борбата меѓу Бога и Сатаната, меѓу умот и хаосот, меѓу творечкото и деструктивното, меѓу единството и безредието, Његош се обидел да ја одгатне човековата тајна, а истовремено и да осветли некои свои владетелски стремежи. Страшната борба завршува со пораз на сатаната, но последиците од тој пораз мора да ги почувствува и Адам бидејќи стапил во сојуз со сатаната, па за казна е испратен да се мачи на земјата и да копнее по изгубената среќа. Иако во епот Његош застапува и некои ставови кои се разликуваат од утврдените религиозни догми, сепак делото има религиозно-идеалистичка основа. Како и во другите рефлексивни поетски творби, и овде тој го дели духот од материјата при што господ го претставува духот, т.е. умот и хармонијата, додека сатаната е симбол на материјата, безредието и хаосот. Меѓутоа, надвор од оваа религиозно-мистична рамка, во епот се одразуваат и некои делови од црногорската стварност, како и од личната драма на авторот. Така, според В. Павиќевиќ, и во ова дело како основна идеја провејува осудата на предавството и борбата за единство. Оттука, ако од епот се одделат матните апстракции, во него може да се согледа вистинска и убава поезија која говоир за големата поетска дарба на авторот.[2]

Наводи

уреди
  1. Петар II Петровић Његош, Луча микрокозма. Рад, Београд, 1990.
  2. Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 146-147.