Лумбаго
Лумбаго претставува блага до остра болка, или непријатност во долниот дел од грбот. Болката може да биде акутна или хронична доколку константно се чувствува во период од три месеци. Од оваа непријатна болка страдаат млади луѓе кои се занимаваат со тешка физичка работа како и луѓе во поодминати години.
Лумбаго | |
---|---|
Болка во долниот дел на грбот (пределот со црвено) | |
Специјалност | Ортопедија, rehabilitation |
Причини за појава на лумбаго
уредиВо поголемиот дел од случаите, невозможно е да се дефинира причината, а кај 25% од случаите причината е позната. Најчесто, овие болни страдаат од остеопороза, сколиоза, оштетување на скелетниот систем кое се должи на инфекции, тумори и слично.
Симптоми на лумбаго
уреди- Болка долж долниот дел од грбот која може да се почувствува и во задниот дел од телото, задниот дел од бутот или препоните. Болката вообичаено се зголемува со движење.
- Ограничувања во движењата на р`бетот – особено при флексија и екстензија-наведнување нанапред или наназад.
- Напнатост на мускулите кои го опкружуваат р`бетот и појава на вкочанетост на грбот.
- Болката е понекогаш проследена со скокотливо чувство или пасивност кај бутниот мускул и мускулите на задниот дел од телото.
Опасни симптоми
уредиАко наеднаш забележите дека не сте во можност да ги контролирате своите нагони за уринирање и дефекација или чувствувате вкочанетост во бутовите и долниот дел од грбот, задолжително побарајте лекарска помош.
Ако страдате од хронични болки во грбот и забележите намалена сила на мускулите во едната или двете нозе, исто така контактирајте го вашиот лекар. Овие симптоми укажуваат на компресија на р`бетниот столб и задолжителен е медицински третман со цел да се избегне трајно оштетување.
Што треба да се направи за да се намали болката?
уреди- Употреба на аналгетици. Специјални медикаменти за релаксација на мускулите исто така можат да бидат препишани. Не-стареоидни лекови против воспаленија и мускулни релаксанти се повеќе од добредојдени во вакви ситуации.
- Телесната активност е клучна. Останете активни, продолжете со Вашите физички активности иако чувствувате болка.
- Топлината помага, исто како и пливањето во базен со топла вода.
- Одмарајте почесто во текот на денот, ако има можност, тоа нека биде на цврста и рамна подлога.
- Избегнувајте скокање, наведнување, кревање товар и седење на ниски столчиња.
- Имајте на ум дека болките во грбот се ретко предизвикани од сериозни болести и обично ги снемува за извесен период.
Хронична болка во долниот дел на грбот
уреди- Ако сте страдале или страдате од болки во грбот подолг период, треба да се консултирате со Вашиот матичен лекар. Што се однесува до рендгенот, ретко кога тој помага во вакви ситуации. Упатување кон преглед од физиотерапевт или ортопед може да биде во корист и да ги намали болките, но не засекогаш.
- Болката во долниот дел од грбот се намалува со правење грбни вежби, масажи и терапија за третирање на болки во грбот.
- Засега нема докази дека користењето антидепресиви, ЕМГ и разни инјекции е делотворно.
Поставување дијагноза
уредиВо најголемиот дел од случаите, докторите ја оформуваат дијагнозата од информациите кои ги дознаваат од своите пациенти, т.е анамнезата.
Ортопедите, обично го подвргнуваат пациентот на специјални испитувања и го надгледуваат движењето на зглобовите кај р`бетот, карлицата и колковите; изведуваат ортопедски и тестови за мускулите и испитуваат дали има некакво оштетување на нервите.
Генерално гледано, ретко кога треба да се направи рендген дијагностика, магнетна резонанса или крвна слика за да се дознаат причините за појава на болките.
Лекување
уреди- Акутна болка во долниот дел од грбот
- Ибупрофен, да се задржи активноста на телото, аналгетици, мускулни релаксанти.
- Хронична болка во долниот дел од грбот
- Вежби за грбот, третмани, аналгетици, инјекции за лигаментите, спинална манипулација.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
Портал од областа на медицината Архивирано на 30 октомври 2013 г.