Лулашка (Реноар)
៛
Француски: La balançoire | |
Творец | Пјер Огист Реноар |
---|---|
Година | 1876 |
Димензии | 92 см × 73 см |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Лулашка (француски: La balançoire) ― маслена слика масло на платно од францускиот уметник Пјер Огист Реноар од 1876 година, која била водечки експонент на импресионистичкиот стил. Сликата е со димензии 92 х 73 сантиметри и се наоѓа во Музејот Орсе. Реноар ја извршил сликата во денешните градини Музејот Монмартр. Тој изнајмил шупа во градините за да може да биде поблиску до „Мулен де ла Галет“ каде што се занимавал со сликање „Балот кај Мулен де ла Галет“.
Опис
уредиЛуѓето на Реноар се чини дека стојат на шумскиот цветен под. Девојчето на лулашката може да има петнаесет години, нејзиниот розов фустан со капа на главата го зголемува шармот на сликањето.[1] Светлината што трепери е прикажана од делови на бледи бои, особено на облеката и на земјата. Ова особено ги вознемирилоа критичарите кога сликата била прикажана на импресионистичката изложба од 1877 година.[2]
Модел била Жан Самари, миленичка на Реноар, кој се појавувала на многу негови слики. Двајцата мажи се братот на Реноар, Едмон и пријателот-сликар, Норбер Гонеут (исто така се појавува во Балот).[3][4]
Поврзано
уреди- Лулашка, слика од Жан Оноре Фрагонар (околу 1767 година)
Наводи
уреди- ↑ Pierre-Auguste Renoir: La Promenade By John House, Auguste Renoir, ISBN 0-8923-6365-7
- ↑ Impressionism By Nathalia Brodskaļa, ISBN 1-8448-4743-8
- ↑ Sotheby's sale catalogue Au Moulin de la Galette, New York, 17 мај 1990.
- ↑ „La balançoire“. Музеј Орсе. Архивирано од изворникот на 2021-02-01. Посетено на 2021-01-21.