Луис Монтенегро
Луис Филипе Монтенегро Кардосо де Мораис Естевес (роден на 16 февруари 1973 година)[1] е португалски политичар кој е претседател наСоцијалдемократската партија (ПСД). Тој бил пратеник во Собранието на Републиката од Авеиро од 2002 до 2018 година, а ја предводел пратеничката група на неговата партија од 2011 година. Тој беше поразен од Руи Рио на лидерските избори на неговата партија во 2020 година и победил против Хорхе Мореира да Силва во 2022 година.
Луис Монтенегро | |
---|---|
Лични податоци | |
Роден(а) | Луис Филипе Монтенегро Кардосо де Мораис Естевес 16 февруари 1973 Порто, Португалија |
Партија | Социјалдемократската партија на Португалија (1991–денес) |
Сопружник | Карла Монтенегро (в. 2000) |
Деца | 2 |
Установа | Католички Универзитет, Португалија |
Занимање | Адвокат • политичар |
Биографија
уредиОбразование и локална политика
уредиМонтенегро бил роден во Порто и израснал во Еспињо во округот Авеиро.[2] Дипломирал право на Католичкиот универзитет во Португалија (иста професија како неговиот татко и дедо),[3] и бил претседател на Социјалдемократската младина во Еспињо од 1994 до 1996 година. Тој служел во градскиот совет од 1997 до 2001 година, а се кандидирал за градоначалник во 2005 година, губејќи од Хозе Мота од Социјалистичката партија (ПС) со разлика од 45% до 38%.[1][4]
Во 2002 година, 29-годишниот Монтенегро бил избран во Собранието на Републиката за Авеиро. Тој станал заменик-претседател на парламентарната група на ПСД на Мигел Маседо во 2010 година и добил 86 отсто од гласовите за да ја води групата во јуни 2011 година, откако членот на ПСД Педро Пасос Коелјо беше избран за премиер.[5]
Раните години на раководството на Монтенегро се совпаднал со интервенцијата на европската тројка за справување со финансиската криза; тој беил критикуван во јануари 2014 година за тоа што рече „животот на луѓето не е подобар, но животот на земјата е многу подобар“.[2] Тој го напушти парламентот во февруари 2018 година по поразот на Пасос Коељо, предупредувајќи дека ПСД не треба да се претвори во нов лидер „групата пријатели на Руи Рио “.[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Luís Montenegro, de rosto do Governo de Passos Coelho a candidato a líder do PSD“ [Luís Montenegro, from face of Passos Coelho's government to lider of the PSD]. Diário de Notícias (португалски). Lusa News Agency. 11 January 2019. Архивирано од изворникот на 1 February 2022. Посетено на 1 February 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Luís Montenegro, de tribuno nos tempos da troika a 19.º presidente do PSD“ [Luís Montenegro, from the benches in the time of the Troika to the 19th president of the PSD]. Público (португалски). Lusa News Agency. 28 May 2022. Архивирано од изворникот на 28 May 2022. Посетено на 29 May 2022.
- ↑ Albuquerque, Mariana (22 January 2019). „Luís Montenegro: Filipe na família, Ervilha na escola“ [Luís Monetenegro: Filipe in the family, Pea at school]. Notícias Magazine (португалски). Архивирано од изворникот на 2 July 2022. Посетено на 29 May 2022.
- ↑ „Eleições Autárquicas 2005“. STAPE Justice Ministry (португалски). 9 October 2005. Архивирано од изворникот на 5 July 2022. Посетено на 5 July 2022.
- ↑ „Luís Montenegro eleito líder da bancada do PSD com 86 por cento dos votos“ [Luís Montenegro elected parliamentary leader of the PSD with 86 per cent of the votes]. Público (португалски). 30 June 2011. Архивирано од изворникот на 1 February 2022. Посетено на 1 February 2022.
- ↑ Lourenço, Eunice (17 February 2018). „Luís Montenegro sai do Parlamento e deixa avisos a Rio“ [Luís Montenegro leaves Parliament and leaves advice to Rio] (португалски). Rádio Renascença. Архивирано од изворникот на 1 February 2022. Посетено на 1 February 2022.