Лужичкосрпски музеј
Лужичкосрпски музеј (горнолужички: Serbski muzej, германски: Sorbisches Museum) — роднокраен музеј во населбата Ортенбург на градот Бауцен (Будишин) во Саксонија, Германија. Претставува најзначајната историјата и етнографијата Лужичките Срби.
Историја
уредиНаскоро по основањето на лужичкото културно-просветно друштво „Матица (лужичко)српска“ донесена е одлука за собирање на материјали од историјата и културата на Лужичките Срби. Во 1856 г. собранието на друштвото усвоило решение за создавање на историско-археолошко одделение, кое почнало да собира историско-културни материјали за лужичкиот народ. Во 1896 г. Дрезден одделението направило изложба на народни ракотворби наречена „Вендско село“ (Wendischen Dorf), чија збирка послужила како основа за идниот музеј. Во 1904 г. во Бауцен е отворен Лужичкиот дом, на чиј трети кат е изложена збирката насловена како „Вендски (лужичкосрпски) музеј“. Во 1937 г. власта го затворила домот, и музејот престанал да работи. Во г. 1942 г. музејските збирки се предадени на Градскиот музеј на Бауцен. Во 1957 г. во градот Хојерсверда е отворен Музеј на лужичката историја и етнографија (Museum für sorbische Geschichte und Volkskunde). Со зголемувањето на збирката, музејот е пренесен во новиот Лужички дом во Бауцен. Во 1976 г. збирката е сместена во Солениот дом во бауценската населба Ортенбург, каде се наоѓа и денес. До 1988 г. музејот бил под надлежност на Здружението на музеите на Бауцен. Во вој период е направено и преуредување на збирките, па музејот е повторно отворен во јуни 1989 г. како самостојна установа.
Денес Лужичкосрпскиот музеј е старател и изложувач на историјата на Лужичките Срби и нивната култура. Збиката брои 23.000 единици. Постојат четири оддела, и тоа историја од древноста до денес, култура и начин на живот, лужичките јазици и зачетокто на лужичката книжевност и лужичка ликовна уметност.
Во свечената сала на музејот се одвиваат редовни културни и просветни збиднувања.
Историја на зградата
уредиСолениот дом во Бауцен е изграден во 1782 г. како градски склад за сол. Во 1835 г. во домот бил сместен апелациониот суд на Саксонија. Во 1869 г. зградата е градежно преуредена и го добила сегашниот изглед. За време на II светска војна во неа се наоѓале месното одделение на НСДАП и градското одделение Гестапо. За време на Германската Демократска Република зградата се користела за станбени цели. Во 2003 г. истата е обновена.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Gisela Brukowa: Sorbisches Museum/Serbski muzej. W: Franz Schön, Dietrich Scholze (wud.): Sorbisches Kulturlexikon. Ludowe nakładnistwo Domowina, Budyšin 2014, str. 382slsl.
- Horje skočić↑ Rozprawa wo naležnosćach Maćicy Serbskeje. Wućahi z maćičnych protokollow. Hłowna a powštikomna zhromadźizna Maćicy serbskeje 26. měrca 1856. W: Časopis Towaŕstwa Maćicy Serbskeje. Zwjazk 9 (1856), čo. 1, str. 59sl.
Надворешни врски
уреди- Лужичкосрпски музеј на Ризницата ?
- Мрежно место на Лужичкосрпскиот музеј (германски) (горнолужички)
51°11′0.39″N 14°25′9.59″E / 51.1834417° СГШ; 14.4193306° ИГД