Лопесов дворец (шпански: Palacio de López) е дворец во Асунсион, Парагвај. Дворецот е службена резиденција на претседателот на Парагвај, како и седиште на владата на Парагвај.

Претседателскиот Лопесов дворец во Асунсион.

Историја

уреди

Дворецот се наоѓа во центарот на Асунсион, со поглед кон заливот на реката. Дворецот бил изграден по наредба на Карлос Антонио Лопес, и првичната замисла била да биде резиденција на негиовиот син - Генерал Франсиско Солано Лопес. Градежните работи започнале во 1857 година под раководство на англискиот архитект Алонсо Тејлор.

Материјалите за изградба на дворецот потекнуваат од различни места од државата, така на пример камењата се од каменоломите во Ембоскада и Алтос, дрвата од Њемуку и Јагуарон, циглите од Такумбу, а металните делови од Ибикуи. Декорациите во зградата биле изработени од различни европски уметници.

Во 1867 година, за време на Парагвајската војна, зградата била скоро завршена, само недостасувале ситни елементи. Статуите биле изработени од бронза, а мебелот бил увезен од Париз.

Надворешни врски

уреди

25°16′39.49″S 57°38′15.25″W / 25.2776361° ЈГШ; 57.6375694° ЗГД / -25.2776361; -57.6375694