Ложа — слика, масло на платно од 1874 година од францускиот уметник Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Кортолд Галерија во Лондон[1].

Ложа
La Loge
French: La Loge
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1874
Димензии 80 см × 63.5 см
Место Кортолд Галерија, Лондон

Опис

уреди

На сликата е прикажан млада двојка, во театарска ложа во париски театар. На сликата е прикажана Нини Лопес, моделот на Реноар, претставена на четиринаесет негови слики во следните неколку години. Младиот човек е неговиот брат Едмонд, новинар и уметнички критичар. Одењето во театар било значаен чин, во кој покрај што се гледале претстави, важно било и да се биде виден.[2].

Стил

уреди

Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со настојување на доловување на сефкупниот впечаток на светлината, како и поетиката која е во слава на животот, таа е една од ретките слики на Реноар, претставена во ентериер и осветлена со вештачко светло.

Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба, со што во оваа слика настојува на повеќето ликовни елементи во кои настојува на прикажувањето на портретот, на фигурите и одредена дефинираност и прецизност во севкупниот условен реализам[3].

Влијание

уреди

Сликата повеќе содржи одредени не само ликовни елементи карактеристични за импресионизмот туку и одредени литературни реминисценции кои се во своевиден дослух а можеби и инспирација на големиот писател од тој период, реформаторот и книжевниот иноватор Марсел Пруст[4].

Наводи

уреди
  1. „La Loge, 1874 by Pierre Auguste Renoir“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2021-01-21.
  2. La Loge de Renoir : focus sur un chef-d’oeuvre
  3. „La loge - by Pierre-Auguste Renoir“. Архивирано од изворникот на 2020-08-08. Посетено на 2021-01-21.
  4. La Loge

Надворешни врски

уреди