Ловиса Орберг
Марија Lovisa Åhrberg или Årberg (17 мај 1801 година во Упсала,[1] - 26 март 1881 година во Стокхолм,[2] ), била шведски хирург и лекар . Таа легално работела како хирург долго пред официјално да им биде дозволено на жените да студираат медицина на универзитет во 1870 година. Ловиса Орберг може да се смета за прва жена-лекар во Шведска со официјална дозвола од властите да практикува медицина: сепак, таа немала официјална обука, а првата жена-лекар со високо образование станала Каролина Видерстрем .
Марија Ловиса Орберг | |
---|---|
Роден(а) | 17 нај 1801 Упсала |
Починал(а) | 26 март 1881 Стокхолм |
Живеалиште | Стокхолм, Шведска |
Занимање | Доктрока, Хирург |
Белешки Најверојатно првата жена доктор во Шведска. |
Животопис
уредиЛовиса Орберг е родена во градот Упсала во Упленд како ќерка на Ерик Орберг, домар на Универзитетот во Упсала и на лукавата жена Брита Марија Упгрен.[3] Нејзината баба, исто така, наводно била активна практичарка на „народна медицина“ и медицинска сестра. На почетокот на 19 век, медицинските сестри биле сметани за необразовани помагачи на лекарите. За време на нејзиното детство, Ловиса ја придружувала својата мајка во болници, како и при домашни посети на болни луѓе. Таа никогаш формално не учела на кое било медицинско училиште, но неформално се образувала во медицината по пат на набудување.
Како возрасна, Ловиса Орберг се населила во главниот град на Шведска - Стокхолм за да работи како домашна помошничка кај едно семејство од средна класа. Во слободното време им помагала на луѓето кои страдале од разни повреди, рани и болести. Најверојатно тоа започнало кога нејзината помош ја побарале пријатели од Упсала, каде што многумина знаеле за нејзината умешност во медицината. Поради нејзините успешни третмани, информацијата за нејзините медицински знаења и вештини почнала да се шири, и нејзините медицински услуги почнале сè повеќе и повеќе да се бараат и од клиенти во околината на Стокхолм. Првично нејзините пациенти беа сиромашни луѓе, но како што одминувало времето и побогатите луѓе почнале да ја вработуваат и да плаќаат многу за нејзините услуги. Набргу потоа, тааможела да ја напушти својата ранота како собарка, и веќе околу 1840 година, можела да се издржува работејќи само како лекар.
Тоа и не било толку невообичаено во пракса, бидјежи жените практикувале медицина во руралните средини, нивната пракса ја нарекувале пракса на лукав народ, како што бил случајот и со Хана Свенсдотер (1798–1864), која била нашироко позната како „Докторката во Врам“ заради нејзината стручност при третманот на повреди на нозете и тоа „надалеку, дури и надвор од Сканија“. Медицинската пракса на Ловиса Орберг сепак се сметала за поконтроверзна.
Обвинение за шарлатанство
уредиИ покрај тоа што Ловиса Орберг била успешна и позната како лекар, таа немала дозвола за да се работи како лекар. Нејзината обука и знаење, иако очигледно биле ефикасни и доволни, не произлегувале од формална медицинска обука или формално медицинско образование. Формалното обраование на жените било невозможно во тоа време, бидејќи на жените не им било дозволено да студираат медицина на универзитет сè до 1870 година.
За разлика од нејзината современичка Кисамор, која исто така била позната жена-лекар, но која имала долга традиција на „народно лекување“ како начин да се издржува себеси преку практикување медицина во руралните области, За разкика од неа, Орберг наишла на големо отпор од страна на мажите-лекари, особено кога почнала да стануваат позната жена-доктор која со совјата медицнска дејност во градот заработувала за живот. Против неа било пондесено формално обвинение, и медицинските власти отвориле истрага за шарлатанство .
Меѓутоа, истрагата утврдила дека Ловиша Орберг има доволно медицинско знаење зада практикува медицина, и било заклучено дека нејзината медицинска работа не содржи накакви штетни практики. Со тоатаа била ослободена од обвинението за шарлатарство и добила дозвола да практикува медицина, и покрај фактот што тоа во тоа време им било официјално забрането на жените. Нејзината ситуација оже да се спореди со ситуацијата на нејзината современилка Амалија Асур, на која ѝ била дадена посебна дозвола да рбаоти како стоматолог и покрај фактот што и тоа им било забрането на жените. Дополнителна причина за нејзината ослободителна пресуда било и тоа што Орберг работела пред сè како хирург и што медицинската помош што таа им ја пружалана своите пациенти била со употреба на природни лековити билки.
На 12 мај 1852 година, кралот Оскар Први од Шведска, и доделил на Ловиса Орберг медал во сребро за Медборгерлиг Фертјонст („Граѓанска служба“), што во современото општество се сметало за конечно легитимирање на нејзината работа како лекар.[3]
Хуманитарна акција
уредиФредрика Бремер се воодушевувала од Ловиса Орберг, и ја споменува во нејзиниот познат роман Херта од 1856 година:
Би сакала да си дозвилам тука да искажам зборови на внимание и признание за докторката во Стокхолм, госпоѓица Орберг и да изразам желба, богатите луѓе, кои повремено ги испраќаат своите кочии за да ја донесат кај нив вештата докторка, да посакаат, кога нив им е временски згодно, да го посведочат односот на оваа докторкла кон сиромашните луѓе од Стокхолм, кои итаат низ нејзините отворени врати со своите рани и повреди; тие, исто како и ние, ќе бидат воодушевени од бескрајната трпеливост, добриот хумор и великодушноста, со кои таа одвојува од своето време, грижливо, и одвојува од своите иљачи за илјадниците луѓе, кои немаат што да и дадат освен благодарност, што некои слабоумни луѓе ги сметаат за неблагодарни. Тие, како што ни ие би сакале, да и ’дадат подобра локација за нејзината добра работа, од онаа што таа сега ја има безмалку на улица, како и средства за да продолжи да го прави тоа што вешто го прави без премногу да загуби, а потоа тие, можеби,посреќно ќе прават тоа што сакаат.
Новитетот жена-лекар во тоа време може да се илустрира со фактот што на Орберг вообичаено не ѝ се обраќале со називот „доктор“ туку со „лекарка за лечење рани“ или „Негувателката Орберг“. Орберг е опишана во книгата за За познати шведски жени објавена во периодот 1864-1866. Во таа книга, нејзината клиника е опишана како „клиника за сиромашните“ затоа што најлести клиенти и биле токму сиромашните луѓе. Соверемените записи говорат за тоа дека здравјето на Орберг било толку влошено заради напорната работа што во неколку навратиморала да земе одмор во Carlsbad. Тој напис завршува на следниот начин:
Може само да се надеваме дека нејзината преголема сила ќе осптои за добробит на многубројни луѓе, кои сè уште зависат од нејзината нега.
Во 1871 година, Ловиса Орберг станала слепа и се пензионирала. Таа имала удобен живот по пензионирањето, што може да се претпостави од богатството што го иставила кога починала.[3] Се знае за само една студентка за која некогаш била обучувана под нејзино водство како нејзина уленилка , извесна „докторка Хенриксон“, која работела во „ Серафимерласаретет“ неколку години пред да отвори своја пракса во 1865 година: Таа официјално била нарекувана медицинска сестра, но во тоа време на постоела професијата обучена медицинска сестра, па такам се чини дека нејзината професија била тешка да се дефинира, исто како што бил случајот и на самата Орберг.[4]
Една година пред нејзината смрт, во Шведска медицинската професија и официјално станала достапна за жени, и тие биле примани кско студентки на медицинските факултети на универзитетите. Така, Каролина Видерстрем станува првата жена лекар со официјална универзитетска диплома и лиценца за вршење на медицинска дејност.
Наводи
уреди- ↑ svar.ra.se, Uppsala födda[мртва врска]
- ↑ ssa.stockholm.se, dödsbevis
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Bo S. Lindberg, Kirurgernas historia. Om badare, barberare och fältskärer, 2017
- ↑ Bo S. Lindberg, Kirurgernas historia. Om badare, barberare och fältskärer, 2017
- Вилхелмина Шилберг: runeberg.org Anteqningar om Svenska kvinnor (Белешки за Шведските жени) Рунеберг (1864-1866) (шведски)
- Свенсткт биографски хендлексикон (1906)
Дополнителна литература
уреди- Lovisa Åhrberg at Svenskt kvinnobiografiskt lexikon