Лична Фатима
македонска народна песна
„Лична Фатима“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некоја си Фатила која се мажела за некојси Мехмед.
„Лична Фатима“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:49 (Екрем Зенуловски) 5:04 (Борче Бегоски) |
Текст
уреди-Во дебарско, село Броштица,
зурла заплака, свадба голема.
Ќе ја даваат лична Фатима,
лична Фатима за Мехмеда.
Лична Фатимо, чини адетот,
да го видиш зетот низ прстенот,
да го носиш во срцето.
А ти Мехмеде, азган момче бре,
на коњ да ја качиш невестата,
да ја носиш в' таткова куќа.
Засвирете силно Мајовци,
ај заиграјте Македонци,
да разбере далечината
колку тешка е вистината.
Лична Фатимо, чини адетот,
да го видиш зетот низ прстенот,
да го носиш во срцето.
А ти Мехмеде, азган момче бре,
на коњ да ја качиш невестата,
да ја носиш в' таткова куќа.
Свадба наша, свадба Броштичка.